Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сиљановска-Давкова на средбата со Кошта: Не смееме да бидеме колатерална штета на ветото и на билатерализацијата на процесот на евроинтегрaција
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Сиљановска-Давкова на средбата со Кошта: Не смееме да бидеме колатерална штета на ветото и на билатерализацијата на процесот на евроинтегрaција
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова на средбата со Кошта: Не смееме да бидеме колатерална штета на ветото и на билатерализацијата на процесот на евроинтегрaција

Објавено May 16, 2025 08:47
Сподели
Сподели

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, на која нагласи дека во процесот на европската интеграција не смееме да бидеме колатерална штета на ветото и на билатерализацијата на процесот на евроинтеграција.

Истакнувајќи дека земјава e фокусирана на спроведување на реформската агенда заради достигнување на европските стандарди, таа истакна дека Копенхагенските критериуми се, и треба да останат единствените услови за членство во Европската Унија.

Сиљановска-Давкова нагласи дека единствено со добра волја, меѓусебно разбирање и почит, може да се решат бугарско-македонските недоразбирања и спорови.

Преговорите за историјата, културата и јазикот не се во духот меѓународното и европското право и значат негирање на европските вредности и принципи, утврдени во конститутивните документи на ЕУ во коишто се гарантираат националниот и културниот идентитет, како и интегритетот и дигнитетот на граѓаните.

Предупредувајќи дека македонскиот преседан може да има домино ефект, проширувајќи се и на други држави од регионот, но и пошироко, со што ќе се загрози политиката на проширување на ЕУ, таа побара од Европскиот совет да предложи решение за оневозможување нови барања и условувања коишто ќе го дефокусираат нашето внимание од реформите на идентитетски прашања.

Претседателката укажа дека бројката од 36 уставни амандмани за триесеттина години, од коишто најголемиот број се иницирани однадвор, ја релативизира важноста на уставот како највисок правен акт, од една страна и најширок и најважен општествен договор на граѓаните, од друга.

Таа потсети и на редовното искуство при секоја измена на уставот, на предложените амандмани да им се придружат нови, чие усвојување е услов за поддршка на првите.

Потенцирајќи дека интегрирањето на Западен Балкан е јасен приоритет за ЕУ, претседателот на Европскиот совет Кошта искажа разбирање за националните чувства и состојбата во која се наоѓа државата и изрази став дека не очекува дополнителни политички условувања на македонскиот пат кон ЕУ.

Ценејќи ги вложените напори во изминатите две децении, тој смета дека треба да го искористиме моментов на зголемен интерес на ЕУ за проширување, во функција на обезбедувањето поголема безбедност и сигурност, покрај европеизацијата на регионот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Ламин Јамал со голчиште ја завери титулата на Барселона
Следна Статија Почина откако примил терапија во болницата: Доставен обдукцискиот наод за починатиот Ведат Адеми

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Toшковски: Од 120.000 прекршоци пред два месеци дојдовме на 500

Mинистерот за внатрешни работи Панче Тошковски синоќа се обрати на македонските граѓани по повод започнувањето на проектот „Безбеден град“. Тој…

February 2, 2026
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Ќе ја реконструираме и ќе изградиме ново крило на болницата „Св. Еразмо“-Костозглобна во Охрид

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски на својот Фејсбук профил објави дека на денешната седница на Владата се донела…

February 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Македонија е опасно место за живеење за жените, реагираат граѓанските организации

Ние, граѓанските организации, најостро го осудуваме новиот фемицид што утринава се случи во Битола, каде 31-годишна жена беше убиена од…

May 14, 2026
МАКЕДОНИЈА

Денеска е трет ден Велигден, најсреќниот вторник во годината

Денеска е Воскресение Христово – Трет ден. Велигден, или празникот на Христовото воскресение е дефинитивно најголемиот христијански празник. Страдалната седмица…

April 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?