Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сиљановска Давкова на средба со чешкиот премиер Петр Фиала: ЕУ мора да биде јасна за проширувањето
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Сиљановска Давкова на средба со чешкиот премиер Петр Фиала: ЕУ мора да биде јасна за проширувањето
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска Давкова на средба со чешкиот премиер Петр Фиала: ЕУ мора да биде јасна за проширувањето

Објавено November 13, 2024 12:10
Сподели
Сподели

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во рамки на учеството на Самитот за климатски промени (КОП29) во Баку, оствари средба со премиерот на Чешката Република, Петр Фиала.

На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, а во фокусот на разговорите беше евроинтегративниот процес.

Претседателката Сиљановска Давкова ја изрази решеноста од македонска страна за натамошен развој и зајакнување на силното партнерство со Чешката Република, како на билатерално и мултилатерално политичко ниво, така и во доменот на економската соработка.

Претседателката Сиљановска Давкова се заблагодари за принципиелната и доследна чешка поддршка за македонската евроинтеграција оценувајќи ја Чешка како важен партнер и силен поддржувач на процесот на проширувањето на ЕУ.

На средбата, претседателката Сиљановска Давкова посочи на потребата ЕУ да биде јасна и непоколеблива во својата стратегија за проширување кон Западен Балкан, не оставајќи простор за нејаснотии.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Палчо го возел „кангуто“ без полномошно, а во партијата чувал пиштол
Следна Статија Осомничен за убиство по 10 години конечно уапсен

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

д-р Николов: Нашите стручни тимови заедно со израелските ќе изготват протололи со цел да обезбедиме најдобри услови за пациентите кои ќе се вратат од странство

Д-р Игор Николов, член на кризен штаб во здравството , во Дневникот на МРТВ информираше дека во континуитет заседава и…

March 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Полицајците на протест – бараат транспаретна истрага за нивните колеги осомничени за „Пулс“

Под паролата „Први за осуда Последни за почит, Независниот синдикат на полицијата денеска излезе на протест за да изрази револт…

October 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Се реконструира Калето: Ќе се вложат 130.000 евра за оживување на запуштените музеи и уредување на просторот

На Скопското Кале денеска започна акција за средување на вегетацијата, кој простор подолго време е обраснат со висока и сува…

July 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Македонија од држава за потсмев во криза, сега е фактор на енергетска стабилност

Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на собраниската седница за пратенички прашања за состојбите и плановите во енергетскиот сектор, потсети на моментите…

March 26, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?