Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Славески откри поради кого 80-90 отсто од новите пензионери нема да имаат ни минимална пензија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Славески откри поради кого 80-90 отсто од новите пензионери нема да имаат ни минимална пензија
ЕКОНОМИЈА

Славески откри поради кого 80-90 отсто од новите пензионери нема да имаат ни минимална пензија

Објавено June 26, 2026 16:23
Сподели
Сподели

Пензионерите што во наредните години ќе почнат да се пензионираат преку вториот пензиски столб би можеле да се соочат со непријатно изненадување – нивните пензии да не стигнат ни до минималната пензија што би се исплатувала преку државниот фонд.

Ова го порачува гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, потсетувајќи на анализите и актуарски проекции што ги изнел во интервју за емисијата „Трилинг“ во 2024 година, а кое пак го сподели на својот Икс профил.

-Во 2023 за мажи и во 2032 за жени, кога ќе почне да се исплаќаат редовните пензии на оние што се осигурани во вториот пензиски столб, ќе може да видиме дека 70-80 проценти од лицата ќе се префрлаат во првиот столб, затоа што не ќе може да стигнат ни до минималната пензија, така покажуваат актуарските податоци – вели Трајковски.

Тој потсети дека вакво нешто веќе се случило.

-Во 2019 година, кога дојде време да се пензионираат оние што доброволно се вклучија во пензиски столб, родени пред 1967 години, ги имаше 16.500 пензионери, како и земјоделци и лица со бенефициран стаж, се виде дека пензиите ќе им биде мали и Владата нечујно, тивко, ги префрли во ПИОМ. Некаде околу 40 милиони евра беа префрлени. Моја процена е дека тоа ќе биде и во иднина – вели Славески.

Тој рече дека не е ни чудо што има дефицит во државниот Фонд за ПИОМ, затоа што со воведувањето на Вториот столб, една третина од пензискиот придонес оди во приватните пензиски фондови. За проблемите во пензискиот систем, тој прстот го впери во Светска банка. За пензиската реформа се противел, уште од самите најави.

-Тоа беше политичка одлука во 2000 година кога бев министер за развој. Светска банка услови со ФЕСАЛ 2 аранжман од некои 10,5 милиони евра, или марки, за финансирање на загубарите. Под тие услови и го прифативме со уште 11 држави од Источна Европа и едно 7 – 8 земји од Латинска Америка. Ниту една друга земја во светот не отиде на прифаќање на таков еден модел кој има катастрофални последици за нашиот пензиски фонд и за македонската економија, односно само ги храни со провизии и со дебели профити приватните пензиски друштва – рече Славески во интервјуто.

Според порталот Пари, минатата година КБ Прво пензиско друштво имаше добивка од 4,1 милион евра, Сава пензиско друшто-3,1 милион евра.  Триглав пензиско друштво – управува има загуба од 7.500 евра. Овие друштва управуваат со задолжителни и со доброволни пензиски фондови. Но, доброволните е мал дел од нивниот бизнис.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија И Фолксваген не е тоа што беше: Планираат до 100.000 откази и клуч на четири фабрики
Следна Статија Во Германија викендот се очекуваат над 41 степен

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Во делот на инвестициите Македонија е водечка во регионот, со двоцифрен број проценти раст

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски е задоволен од искористеноста на средствата издвоени од унгарскиот кредит наменети за поддршка на домашните…

January 16, 2026
ЕКОНОМИЈА

Данокот од Тему ќе донесе месечен прилив од 65 илјади евра

Законските измени веќе се во собраниска процедура, а нивното спроведување се очекува да има директни позитивни ефекти врз економијата и…

October 11, 2025
ЕКОНОМИЈА

ЌЕ ПАДНАТ ЛИ ЦЕНИТЕ: „Оне Македонија телекомуникации“ избран за трет мобилен оператор

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) денеска донесе одлука дека „Оне Македонија телекомуникации“ на унгарски „Фор-ај-џи“, е најповолен понудувач на тендерот…

January 12, 2026
ЕКОНОМИЈА

Италија, Шпанија и Франција произведуваат најмногу зеленчук во Европа

Европската унија во текот на изминатата година оствари вкупно 62,2 милиони тони свеж зеленчук, што претставува пораст од шест проценти…

August 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?