Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сопрена постапката за несовесно работење на судијата Лазар Нанев, ЈО се откажало од прогон
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Сопрена постапката за несовесно работење на судијата Лазар Нанев, ЈО се откажало од прогон
МАКЕДОНИЈА

Сопрена постапката за несовесно работење на судијата Лазар Нанев, ЈО се откажало од прогон

Објавено March 18, 2026 13:52
Сподели
Сподели

Нов скандал го тресе македонското правосудство. Запрена е кривичната постапка за разрешениот судија Лазар Нанев. За ова на својата официјална веб страница, информираше Основниот Суд Велес.

-Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста дека по предметот К.бр. 224/ 25 против обвинетиот Л.Н од Кавадарци за кривично дело Несовесно работење во службата од чл.353-в ст.4 од КЗ е донесено Решение со кое -Постапката поведена по обвинителен предлог III КО.бр.46/25 од 23.06.2025 година на ОЈО Велес против обвинетиот Л.Н. од Кавадарци, за кривично дело Несовесно работење во службата од чл.353-в ст.4 од КЗ, се запира, стои во соопштението.

-Вака донесеното решение е врз основа на чл.62 ст.2 од ЗКП, а од причина што Основното јавно обвинителство Велес со писмен поднесок од 02.03.2026 година го извести судот дека го повлекува обвинителниот предлог против обвинетиот и се откажува од понатамошно гонење за кривичното дело Несовесно работење во службата од чл.353-в ст.4 од КЗ, стои во соопштението од Судот во Велес.

Лазар Нанев е поранешен судија и поранешен претседател на Основниот суд во Кавадарци. На 16 октомври 2024 година, Судскиот совет го разреши од судиската функција поради дисциплински постапки, поврзани со 97 телефонски контакти во краток период со обвинет во предмет што го водел.

Дополнително, против него била поднесена пријава од обвинителка од Кавадарци за притисоци и недолично однесување.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Црногорец работел како руски шпион во САД
Следна Статија МНР: Целосно завршена евакуацијата на сите пријавени македонски граѓани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Нов криминал со шверц на половни возила од странство: Инволвирани цариници, шпедитери, возачи

Царинската управа преку Секторот за контрола и истраги откри и спречи организирана мрежа во која увозници, шпедитери, возачи вработени во…

January 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Голем дел од возовите не возеле зошто немале тркала, вели директорот Ивановски за состојбата во која ги начекал Железници

Во синоќешниот поткаст „ВМРО-ДПМНЕ Зборува’’, гостуваше директорот на ЈП Железници инфраструктура на Македонија, Синиша Ивановски. Директорот го истакна фактот дека…

February 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски на потпишување на договор за изградба на автопат Скопје-Блаце

 -  Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува и ќе се обрати на настанот по повод потпишување на договор меѓу ЈПДП…

July 6, 2026
МАКЕДОНИЈА

Камбовски: Судскиот совет на седница ќе одлучува како ќе работи во периодот до изборите

Судскиот совет на првата наредна седница ќе донесе одлука како ќе постапува и работи во периодот до завршување на изборите.…

September 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?