Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: МНР: Целосно завршена евакуацијата на сите пријавени македонски граѓани
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > МНР: Целосно завршена евакуацијата на сите пријавени македонски граѓани
МАКЕДОНИЈА

МНР: Целосно завршена евакуацијата на сите пријавени македонски граѓани

Објавено March 18, 2026 13:54
Сподели
Сподели

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, заклучно со вчерашниот лет, целосно е завршена евакуацијата на сите македонски државјани од земјите на Блискиот Исток кои до овој момент беа пријавени и изразија подготвеност за евакуација.

Со последниот, петти лет што вчера слета на Меѓународниот аеродром во Скопје, евакуирани се вкупно 147 патници, од кои 119 македонски државјани и 28 странски државјани. Со тоа државата покажа подготвеност навремено да реагира во кризни ситуации, да ја заштити безбедноста на македонските граѓани, но и да покаже солидарност кон граѓани од пријателските земји од регионот и пошироко.

Станува збор за организирани чартер летови, при што сите трошоци за нивната реализација се на товар на државата.

Со реализацијата на овие летови, вкупниот број евакуирани македонски државјани достигна 605.

„Министерството уште еднаш нагласува дека безбедноста на граѓаните е највисок приоритет, што се потврдува и со фактот дека евакуацијата на сите македонски државјани кои изразија интерес за враќање во земјата е целосно завршена.

Воедно, информираме дека дежурниот СОС телефонски број, како и контактите на дипломатско-конзуларните претставништва, и понатаму остануваат на располагање на македонските граѓани“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Сопрена постапката за несовесно работење на судијата Лазар Нанев, ЈО се откажало од прогон
Следна Статија Николоски потсети: Шекеринска сакаше со судска одлука да ја затвори ВМРО-ДПМНЕ и да ја прогласи за терористичка организација!

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

ГТЦ пропаѓа: Дуќани се изнајмуваат и за нула денари

Градскиот трговски центар (ГТЦ), некогаш архитектонски и бизнис бисер на Скопје, денес ја носи титулата на едно од најзапуштените и…

April 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Се усвои Предлог-законот за соодветна и правична застапеност

Од првиот ден на мандатот, Владата што ја предводам е посветена на унапредувањето на добрите меѓуетнички односи како еден од…

June 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Коцевски: Истрагата за пожарот во Кочани мора да заврши во законски предвидениот рок од 90 дена, односно до 16-17 јуни

Истрагата за пожарот во Кочани мора да заврши во законски предвидениот рок од 90 дена, односно до 16-17 јуни, вели…

April 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

За две години институциите набавиле нови возила за 8,5 милиони евра, покажа истражувањето на Центарот за граѓански комуникации

Во истражување на Центарот за граѓански комуникации за набавка на патничките возила на државните институции во 2023 и во 2024…

March 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?