Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ердоган: Нашите односи над 30 години се цврсти како што е цврст и Камениот мост во Скопје
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Ердоган: Нашите односи над 30 години се цврсти како што е цврст и Камениот мост во Скопје
МАКЕДОНИЈА

Ердоган: Нашите односи над 30 години се цврсти како што е цврст и Камениот мост во Скопје

Објавено February 28, 2025 18:03
Сподели
Сподели

Потпишувањето на политичката декларација за основање на совет за соработка на високо ниво помеѓу Турција и Македонија е многу значаен чекор со кој ние можеме да ги подигнеме на уште повисоко ниво односите меѓу нашите две земји во трговијата и економијата…Се надевам дека ќе присуствувам на првата седница на советот што ќе се одржи во Скоје, истакна претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган на заедничката прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски по потпишувањето на декларацијата.

Ердоган изрази задоволство што е домаќин на премиерот Мицкоски и неговата делегација во Истанбул, истакна дека целта на документот е трговската размена која минатата година достигна околу една милијарда евра, да биде во ист сооднос меѓу двете земји.

-Минатата годна ние имавме околу една милијарда долари трговска размена и мислам дека во првата прилика мораме да ја донесеме двострано. Помеѓу двете земји постои Спогодба за слободна трговија која треба повторно да се ревидира. Денеска посебно се осврнавме и на односите кои што ги имаме во воената област и во сферата на одбранбената индустрија. Турција е една од првите земји која што ја призна независноста на Македонија. Како наш соработник во НАТО, ние сме две пријателски земји кои директно влијаат врз зачувувањето на мирот на Балканот. Нашите односи над 30 години се цврсти како што е цврст и Камениот мост во Скопје, рече Ердоган.

Тој ја потенцира и важноста на турската заедница во Македонија за одржувањето на блиски односи меѓу двете држави.

-Балканот не треба да се гледа како место за конкуренција помеѓу народите. Напротив, треба да биде поле за заедничка соработка и за развој. Најзначајното нешто што ги врзува двете земји се Турците коишто живеат и нивната заедница во Македонија. Тие порано од Анадолија мигрирале и дошле во СМ на таа географија и формирале свои културни темели коишто не врзуваат, рече Ердоган.

Како што наведе, му напоменал на премирот во нивните разговори дека „ова наше пријателство е под притисок на ФЕТО и ние мораме да се бориме заеднички против нив“.

Двајцата се осврнале и размениле мислења за регионалните и глобалните геостратешки прашања како што е конфликтот во Украина и во Газа.

За Турција, како што рече Ердоган, клучно е конфликтот во Украина да се реши по пат на разговори. За ситуацијата во Палестина нагласи дека двете земји споделуваат ист став, а тоа е преку формирање на две држави.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Трамп го нападна Зеленски во Белата куќа: Се коцкаш со Трета светска војна
Следна Статија Тошковски: Неказнивоста останува во заборав во Македонија и конечно законот важи еднакво за сите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Работна посета на министерот Муцунски на германската покраина Северна Рајна – Вестфалија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вчера и денес престојува во работна посета на германската покраина Северна…

May 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мисајловски: Македонскиот народ не беше нем сведок – беше активен борец, нашите предци ги дадоа своите животи за слобода, за правда, за иднина

Денеска, по повод одбележувањето на Денот на победата над фашизмот положивме венец со свежо цвеќе во чест на македонските партизани…

May 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Медиумската писменост не е само вештина туку неопходност

Медиумската писменост не е само вештина, туку е неопходност за секој општествен чинител. Неформалното образование, јавни настани, работилници и семинари…

October 29, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски од Карбинци: Започна доградбата на детската градинка „Кокичиња“ со капацитет за згрижување на 50 дечиња

Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека во вторник заминува за Брисел, се враќа во четврток, а за пораките од таму…

December 14, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?