Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Судскиот совет ја предлага Мери Дика-Георгиевска за судија на Уставниот суд
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Судскиот совет ја предлага Мери Дика-Георгиевска за судија на Уставниот суд
МАКЕДОНИЈА

Судскиот совет ја предлага Мери Дика-Георгиевска за судија на Уставниот суд

Објавено March 25, 2026 16:01
Сподели
Сподели

Судскиот совет ја предлага Мери Дика-Георгиевска, судија на Апелацискиот суд, за судија на Уставниот суд. На денешната седница 10 членови на Судскиот совет гласаа „за“, еден беше против, а судијката Антоанета Димовска се иззеде од точката на дневен ред.

Судиите, членови на Судскиот совет, кои ја поддржаа кандидатурата на Дика-Георгиевска, истакнаа дека таа ги исполнува сите услови за уставен судија, дека станува збор за професионалец кој има познавање на судовите од прв степен до највисоките судови, има личен и професионален интегритет, долгогодишно искуство, а дала и придонес за развојот на стручната и теоретската мисла и на правниот систем.

Судијката Елизабета Дуковска, која повторно се кандидираше за уставен судија, не ја доби поддршката од членовите на Судскиот совет, поради недоволен број години работно искуство, а една од забелешките се однесуваше и за придонесот за развојот на стручната и теоретската мисла и на правниот систем во последните години.

Уставниот суд го сочинуваат девет судии. Претседателот го избира Судот од редот на судиите за време од три години, без право на повторен избор. Судиите ги избира Собранието за време од девет години без право на повторен избор. Судиите на Уставниот суд се избираат од редот на истакнати правници.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ЗНМ реагира на однесувањето на новинарот кон министерката Јаневска
Следна Статија Труење во кујната на РЕК Битола – Над 80 лица побарале лекарска помош откако јаделе лазањи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

ФЗО: Нема доцнење од 30 дена за породилното, проблемот е кај работодавачите

Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) ги демантира наводите на СДСМ дека исплатата на породилниот надоместок доцни 30 дена. Ирфан Лимани,…

November 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Катица Јанева излезе на условен отпуст

Поранешната шефица на згаснатото Специјално јавно обвинителство, Катица Јанева, тивко го напушти „Идризово“ на почетокот на неделата. Жената која беше…

December 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Македонските државни интереси треба да бидат појдовната точка во разговорите за секое прашање

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски оствари средба со претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Беше истакната потребата да се работи на…

April 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Белгиски овчари ќе ги бркаат затворениците ако се обидат да избегаат

Казнено-поправната установа (КПУ) Затвор Скопје значително ги унапредува своите безбедносни капацитети. По подолг временски период, установата доби четири службени кучиња…

June 24, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?