Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тејлор Свифт е најбогатата музичарка во историјата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Тејлор Свифт е најбогатата музичарка во историјата
ЗАБАВА

Тејлор Свифт е најбогатата музичарка во историјата

Објавено June 5, 2026 11:30
Сподели
Сподели

Бизнис магазинот „Форбс“ проценува дека американската поп суперѕвезда Тејлор Свифт стана најбогатата музичарка во историјата со богатство од 2 милијарди долари, што претставува зголемување од 100 проценти во споредба со 2024 година.

Свифт (36) го доби статусот на милијардерка во 2024 година благодарение на нејзината турнеја „Eras Tour“. „Форбс“ ја нарече Свифт еден од најкомерцијално успешните текстописци на сите времиња.

Во 2020 година, Свифт ја промени музичката индустрија кога повторно го сними поголемиот дел од својата дискографија. Како резултат на тоа, авторските права почнаа да се слеваат директно во нејзиниот џеб, пренесе ДПА. „Форбс“ исто така наведе дека нејзината турнеја станала концертна турнеја со најголема заработка во историјата, со приходи од 2,2 милијарди долари. Со тие пари, таа ги откупила своите оригинални мастер снимки, пишува списанието.

На почетокот на својата кариера, Свифт потпиша договор за издавачката куќа „Биг Машин“ (Big Machine) и таму ги сними своите први шест албуми. Како што е вообичаено, правата ѝ припаѓаа на куќата, која во 2019 година ги продаде за повеќе од 300 милиони долари на холдинг компанија на поранешниот музички менаџер Скутер Браун. Свифт изјави дека тоа се случило без консултација или нејзино одобрување.

Потоа следуваше повеќегодишен јавен спор, кој Свифт често го споменуваше и во своите песни. Во 2020 година, Браун ги препродаде правата, овојпат на инвестициската фирма „Шамрок Капитал“ (Shamrock Capital) од Лос Анџелес, од која Свифт конечно ги откупи. Во 2025 година, Свифт објави дека ги купила правата за нејзините први шест албуми.

Рангирањето на милијардери на „Форбс“ главно се потпира на јавно достапни информации за имотот, како што се акции, недвижности, уметнички дела и други луксузни добра. Овие бројки се сметаат за непрецизни и понекогаш се оспорувани.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Македонските аеродроми меѓу најбрзо растечките во Европа, со рекорден раст од 31% во патничкиот сообраќај
Следна Статија ЛДП: Народната банка и гувернерот признаа дека банкарските провизии се превисоки

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Столчето ѝ се преврте на водителка на вести, сите зборуваат за нејзината реакција (ВИДЕО)

Инцидент за време на пренос во живо на вестите на „РЦН“ (RCN) во Колумбија стана вирален, истакнувајќи го неверојатниот професионализам…

June 8, 2025
ЗАБАВА

Железници за првпат со специјално украсен новогодишен воз и празнично возење

Железници на Македонија како општествено одговорна компанија, информира дека за првпат оваа година се вклучува во празничните случувања во пресрет…

December 25, 2025
ЗАБАВА

Урбаните моторџии низ скопските улици во знак на борбата за заштита на машкото здравје

Македонските урбани моторџии по десетти пат земаа учество во глобалниот хуманитарен мотоциклистички настан, од кој собраните донации одат во лондонската…

May 18, 2025
ЗАБАВА

Пи Диди е страв и трепет во затворот во Бруклин: Сите го избегнуваат, многу е моќен

Шон Комбс, раперот попознат како Пи Диди со години имал голема моќ во забавната индустрија, а наводно сè уште ја…

October 10, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?