Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Топлотниот бран продолжува до вторник, заладување и дожд од среда
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Топлотниот бран продолжува до вторник, заладување и дожд од среда
МАКЕДОНИЈА

Топлотниот бран продолжува до вторник, заладување и дожд од среда

Објавено July 19, 2026 12:27
Сподели
Сподели

До вторник во земјава ќе преовладува сончево и многу топло време со мала до умерена облачност, а во попладневните и вечерните часови ќе има услови за локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Според најавите на Управата за хидрометеоролошки работи, на одделни места можно е невреме со појава на град.

Промена на временските услови се очекува од среда, кога поради продор на постудена воздушна маса од север и засилен северен ветер ќе почне опаѓање на температурите.

Во деновите потоа времето ќе биде посвежо, а врнежи од дожд се очекуваат на повеќе места низ земјата. Значително пониски дневни температури се најавени за петок.

Метеоролозите препорачуваат граѓаните да бидат внимателни поради високите температури во следните неколку дена, како и поради можноста за локални временски непогоди во попладневните часови.

Управата за хидрометеоролошки работи за денеска најави сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови на одделни места се очекува нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи, а ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура во земјава ќе достигне од 33 до 40 степени Целзиусови.

Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец, а попладне во делови од котлината ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд и грмежи. Максималната температура во главниот град ќе достигне 39 степени.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Утре се очекуваат резултатите од испитувањата на водата од гостиварскиот водовод
Следна Статија До шест милијарди долари заработил Иран од извоз на нафта за време на примирјето со САД

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Велковски: Има злоупотреби во системот за социјална помош

Заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 откри дека има злоупотреби во системот…

October 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Во врска со веста објавена на неколку интернет портали за наводен пожар во магацин во кругот на Макстил, ја информираме…

December 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Новите членови на Судскиот совет дадоа Свечена изјава

Денеска, во Охридската сала на Собранието, Сузана Јошевска- Анастасовска и Арлинда Кадри-Шахиновиќ, членови на Судскиот совет на Република Македонија, дадoa…

January 15, 2026
МАКЕДОНИЈА

Македонија десетта во Европа според процентот на жители со прекумерна тежина

Според Светската здравствена организација, речиси секој трет македонски граѓанин е потежок од нормалното. Со 30,65 проценти жители со тежина над…

September 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?