Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тошковски: Има обиди за нарушување на меѓуетничките односи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Тошковски: Има обиди за нарушување на меѓуетничките односи
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Има обиди за нарушување на меѓуетничките односи

Објавено October 4, 2024 17:36
Сподели
Сподели

„Јас мирно спијам, така да можат и граѓаните мирно да спијат“- На овој начин одговори министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во Дејли Клик на ТВ21 запрашан дали граѓаните можат мирно да спијат по сите најави за можна дестабилизација на државата.

Вели дека во моментов безбедносната состојба е стабилна, иако имало индиции за нарушување на истата.

Водител: Како велите во правна терминологија, индиции…Има ли индиции за нарушување на безбедносната состојба на државата?

Тошковски: Многу пати сум го говорел ова во последните месец дена и сето тоа што сум го кажувал се покажа како реален факт, од аспект на тоа дека постојат обиди за подгревање на меѓуетнички тензии, и тоа сите сме сведоци дека е така, но исто така сите сме сведоци дека МВР и сите останати институции кои што имаат надлежност во безбедносниот сектор, реагираат и ќе реагираат во иднина.

Но, што се случи со наводните вооружени групи за кои зборуваше Христијан Мицкоски во предизборната кампања, кои наводно се собирале во Чаир, а биле предводени од луѓе блиски до Али Ахмети. Дали навистина постоеле такви групи?

Тошковски: Имаше такви индиции во минатото.

Новинар: Имаше ли такви вооружени групи низ Чаир.

Тошковски: Имаше такви индиции во изминатиот период, имаше такви информации во изминатиот период и во иднина за се она за кое што ќе има соодветни докази, МВР ќе постапи соодветно.

Новинар: Значи за ова немало доволно докази да се постапи.

Тошковски: Па, не беше таков мојот одговор. Мојот одговор е за се она што ќе има доволно докази, докази кои што ќе поткрепат соодветно обвинение, истото ќе биде процесуирано.

Новинар: Процесуирано ли е нешто од ова?

Тошковски: Во овој момент не можам да одговорам.

Што се однесува до борбата против високиот криминал и корупција, Тошковски најави дека има истраги за одредени министри кои биле на функција во минатото за можна злоупотреба на службената позиција. Но, со оглед на тоа дека се е во предистражна постапка, поради пресумција на невиност, не може да споделува повеќе детали.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија За 24 часа, се јавиле 12 000 жртви и сведоци во случајот со Пи Диди: ​​Адвокат отвори телефонска линија за пријавување на контроверзниот рапер
Следна Статија Европската унија гласаше за воведување царини за кинеските електрични возила, Германија беше против

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Матарела на средбата со Сиљановска-Давкова: ЕУ не смее да дозволи да бидеме жртва на идентитетски прашања или нивна билатерализација

Европската Унија не смее да дозволи да бидеме жртва на идентитетски прашања или нивна билатерализација врзана за идентитетски прашања, истакнал…

May 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Американски УСАИД истражители пристигнаа на Балканот – дали Македонија е следна?

По објавата дека американскиот истражител Мартин Де Лука, поранешен федерален обвинител на САД и член на тимот на претседателот Доналд…

February 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мисајловски: Безбедноста на граѓаните ни е на прво место, посветени сме на зајакнување на армиските капацитети

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска на научно – стручната трибина во Домот на Армијата посветена на функционалноста на одбранбено…

November 11, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Македонија заслужува членство во Европската унија, но со крената глава

Премиерот Христијан Мицкоски информира дека имал телефонски разговор со премиерот на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ. -Во пресрет на извештајот на…

June 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?