Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Утре напладне „Марш за ангелите“ во Скопје
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Утре напладне „Марш за ангелите“ во Скопје
МАКЕДОНИЈА

Утре напладне „Марш за ангелите“ во Скопје

Објавено November 14, 2025 16:20
Сподели
Сподели

Утре со почеток во 12.05 минути на Градскиот плоштад во Скопје, ќе се одржи „Марш за ангелите“ во организација на семејствата на починатите и повредените од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Од Плоштадот поворката ќе тргне кон Собранието, а маршот ќе заврши пред зградата на Основниот кривичен суд.

Ова е вкупно 30ти „Марш за ангелите“ и истовремено прв што ќе се одржи по улиците на Скопје.

Пред маршот, родителите упатија порака и повик за поддрша од сите граѓани.

„Не бараме милост, туку вистина и правда. Болката е наша, но борбата е за сите нас. Ни треба вашата поддршка.“ се вели во нивната видео порака.

Истовремено, вчера од страна на иницијативата „Кој е следен?“ со герила акција на скопскиот плоштад ги повикаа сите граѓани на Скопје да се приклучат на Маршот.

„Македонија има совест. Корупцијата им ги одзеде животите на овие деца, а нашата должност е да не молчиме. Болката е нивна, но борбата е заедничка.“ порачаа од иницијативата „Кој е следен?“

Тие дополнуваат дека трагедијата во Кочани не смее да се третира како локален инцидент, туку како општествен повик за обединување и отпор кон системските пропусти.

Првото судско рочиште е закажано за 19 ноември. Според обвинителниот акт, 34 физички и 3 правни лица се товарат за тешки дела против општата сигурност, а процесот ќе го води тим од околу 15 обвинители, најави државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Димитриеска-Кочоска: Предлог-буџетот за 2026 е економска порака за стабилност, доверба и развој
Следна Статија Најголем број од пациентите со дијабетес се третираат со трета генерација инсулин, вели Клековски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Стојаноски објави план на ВМРО-ДПМНЕ за помош на Кочани

Ние нашиот став го соопштивме. И не сакаме да влеземе во сценариото на политизација на трагедијата во која СДСМ упорно…

May 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Активни пет пожари- и понатаму гори кај селото Николиќ

Пет активни пожари на отворен простор има денеска на територијата на Македонија. Пожарот кај селото Николич, Општина Дојран, каде што…

July 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Исланд најбезбедна, Македонија 51-ва најбезбедна држава во светот

Додека светот е потресен од војни, насилство и нестабилност, Институтот за економија и мир го објави најновиот Глобален индекс на…

June 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Посветени сме на градење на цврсто партнерство и потврда за македонско-турското пријателство

Македонија и Турција ќе ја продлабочуваат и интензивираат соработката во сите области на билатерално, регионално и глобално ниво, најавија премиерот…

February 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?