Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Утре ќе се исплати главницата и каматата од втората Граѓанска обврзница, се подготвува проспект за нова
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Утре ќе се исплати главницата и каматата од втората Граѓанска обврзница, се подготвува проспект за нова
ЕКОНОМИЈА

Утре ќе се исплати главницата и каматата од втората Граѓанска обврзница, се подготвува проспект за нова

Објавено November 13, 2025 14:22
Сподели
Сподели

Министерството за финансии утре ќе се изврши исплата на главницата и каматата за втората година од издадената втора Граѓанска обврзница. Средствата во износ од 17,6 милиони евра и камата во износ од 880 илјади евра ќе бидат исплатени на сметките на граѓаните кои запишаа обврзници од втората Граѓанска обврзница.

Втората граѓанска обврзница, Министерството за финансии ја издаде на 7 ноември 2023 година со рок на достасување од 2 години и каматна стапка од 5% годишно. Каматата од оваа граѓанска обврзница за првата година беше исплатена минатата година во ноември при што беше исплатен износ од 54.274.000 денари или 880 илјади евра.

Граѓанската обврзница како нов инструмент беше воведен во 2023 година, со цел да се збогати понудата на нови инструменти за финансирање на финансискиот пазар, како и проширување на изворите на финансирање на економските политики.

Досега се издадени 2 емисии во вкупен износ од 41,1 милион евра. Во првата емисија беа запишани обврзници во износ од 23,5 милиони евра, додека во втората 17,6 милиони евра. Министерството за финансии ќе продолжи со објава на нови емисии на граѓански обврзници. Проспектот за новата емисија се подготвува и се очекува да биде објавен до крајот на годината.

Имено, во Министерството за финансии во изминатиот период се работеше на анализа на финансискиот пазар и трендовите во регионот и Европа во насока на диферзификација на понудата на финансиските инструменти за инвестирање и веќе се работи на подготовка на нова емисија Граѓанска обврзница.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски за уставните измени: Уште ако може да не сме Македонци, да сме нешто друго, најдобри ќе бидеме
Следна Статија Филипче демантира кавга меѓу Фрчковски и Пендаровски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Николоски: Со Герет Томас разговаравме за продлабочување на економската соработка помеѓу Македонија и Велика Британија

Потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николовски во рамки на дводневната посета на високо ниво на Обединетото Кралство…

April 23, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски најави нови проекти: 18 милиони евра се предвидени за реновирање на студентски домови, по 250 евра за дигитални уреди

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска при посета на поставување камен темелник на изградба на нова детска…

October 30, 2024
ЕКОНОМИЈА

Снемува работници ама без повисоки плати уште толку ќе нема – порачаа од ССМ и побараа зголемување

Снемува работна сила ама ако не се зголемат платите, уште толку ќе нема – порачаа денеска синдикатите. Работодавачите и Владата…

April 25, 2025
ЕКОНОМИЈА

Еврообврзницата ќе се издаде во првиот квартал од 2026 година во два дела со различна рочност

Заради зачувување на финансиската стабилност и ликвиност, еврообврзницата која што е предвидено да се издаде на меѓународниот пазар следната година,…

December 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?