Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: УЈП апелира: Истече рокот за даноците за 2025 – платете веднаш и избегнете повисок долг и блокади
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > УЈП апелира: Истече рокот за даноците за 2025 – платете веднаш и избегнете повисок долг и блокади
ЕКОНОМИЈА

УЈП апелира: Истече рокот за даноците за 2025 – платете веднаш и избегнете повисок долг и блокади

Објавено April 20, 2026 12:17
Сподели
Сподели

Управата за јавни приходи потсетува дека на 16 април истекоа законските рокови за плаќање на разликите по годишните даночни биланси за 2025 година и ги повикува обврзниците кои сеуште не извршиле уплата, тоа да го сторат без одлагање. Навременото плаќање на даноците е клучно за стабилни јавни финансии и непречено функционирање на јавните услуги, додека ненавременото плаќање значи зголемување на долгот поради камата и ризик од присилна наплата, блокирање на банкарски сметки и други мерки.

Од вкупно 19.550 поднесени биланси за данок на добивка, данок на вкупен приход и данок на личен доход кај вршителите на дејност во кои е искажана обврска за плаќање, кај 10.252 е евидентирана уплата, што укажува на солидно ниво на даночна дисциплина.

УЈП веќе испраќа персонализирани известувања до компаниите и вршителите на дејност со заостанати долгови. Апелираме за итно плаќање на долговите со цел да се избегнат дополнителни трошоци. Во спротивно, ќе следува присилна наплата со дополнителни давачки како еднократна такса и банкарски трошоци кои го зголемуваат вкупниот долг и ќе влијаат врз тековното работење.

УЈП потсетува дека обврските може да се подмират и преку уплата од трето лице, како и преку пребивање со даночно побарување на обврзникот, а на располагање е и можност за плаќање на рати согласно законските услови.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ДУИ: Власта врши политички притисок и во континуитет таргетира наши ексградоначалници
Следна Статија Вонредна прогноза: До среда локално невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Имлек влегува во нова ера: Искусни инвеститори ја преземаат водечката млечна компанија на Балканот

Компанијата Imlek, водечки производител на млечни производи на Балканот, стои пред значајна промена во сопственичката структура. Во рамките на групацијата…

November 20, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски очекува до крајот на годината да бидат потпишани договорите за изведба на интерконекторот со Грција

Премиерот Христијан Мицкоски очекува дека до крајот на годината ќе бидат потпишани договорите за изведба на интерконекторот со Грција и…

November 20, 2024
ЕКОНОМИЈА

Нема драстично зголемување на цените на основните прехранбени производи, смета Дурмиши

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши смета дека нема драстично зголемување на цените на основните прехранбени производи и тврди…

June 14, 2025
ЕКОНОМИЈА

(ВИДЕО) Николоски: Пробиени 17 километри од новиот автопат Гостивар – Букојчани, дел од Коридорот 8

На делницата Скопје – Струга – Охрид се одвиваат забрзани градежни активности, а веќе се пробиени 17 километри од новиот…

December 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?