Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Хоџа: Кога е загрозено здравјето на граѓаните, не смее да има компромиси, очекувам кривична и морална одговорност
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Хоџа: Кога е загрозено здравјето на граѓаните, не смее да има компромиси, очекувам кривична и морална одговорност
МАКЕДОНИЈА

Хоџа: Кога е загрозено здравјето на граѓаните, не смее да има компромиси, очекувам кривична и морална одговорност

Објавено July 21, 2026 10:30
Сподели
Сподели

Случајот со загадувањето на водоводната мрежа во Гостивар е сериозен инцидент кој директно го загрози здравјето на илјадници граѓани. Сакам јасно да кажам дека очекувам целосно да се утврдат сите факти и околности, како и да се утврди и кривична и морална одговорност за сите кои со своето постапување или непостапување придонеле за оваа состојба. Кога е загрозено здравјето на граѓаните, не смее да има компромиси, ниту прикривање на одговорноста, рече утрово министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа на прес-конференција во Владата.

Како што истакна Хоџа пред да бидат соопштени наодите од Инспекторатот за животна средина, институциите будно го следат развојот на случувањата. Тој изрази загриженост за сите заболени граѓани од Полошкиот регион.

Министерот потенцира и дека снабдувањето со вода за пиење, одржувањето на водоводните системи, собирањето и третманот на отпадните води се надлежност на општините и јавните комунални претпријатија. Општините, напомена, се првата линија на одговорност за безбедното функционирање на овие системи, како и за воспоставување и заштита на санитарните заштитни зони околу водните извори.

– Би сакал да ги уверам гостиварчани дека Владата ги презема сите мерки, секако во рамки на своите надлежности, и така ќе продолжи се до конечно расчистување на овој случај. Важно е граѓаните да знаат и кои се законските надлежности. Снабдувањето со вода за пиење, одржувањето на водоводните системи, собирањето и третманот на отпадните води се надлежност на општините и јавните комунални претпријатија. Општините се првата линија на одговорност за безбедното функционирање на овие системи, како и за воспоставувањето и заштитата на санитарните заштитни зони околу водните извори. Истовремено, контролата на квалитетот на водата за пиење е законска обврска на Центрите за јавно здравје, кои имаат обврска континуирано да ја следат исправноста на водата и навремено да ја информираат јавноста и надлежните институции кога ќе се утврди ризик по јавното здравје. Министерството за животна средина и просторно планирање останува целосно посветено на обезбедување услови за подобра комунална инфраструктура, објасни Хоџа.

Тој напомена и дека во моментов се спроведува најголем инвестициски циклус за унапредување на водоснабдувањето, канализационите системи, пречистителните станици и заштитата на животната средина.

-Ќе продолжиме да ги поддржуваме општините со инвестиции, стручна помош и политики кои го подобруваат квалитетот на животот на граѓаните. Но, инвестициите сами по себе не се доволни. Секој носител на јавна функција и секоја институција и на централно и на локално ниво мора професионално, законски и совесно да ги извршува своите надлежности. Само така можеме да изградиме систем во кој вакви инциденти нема да се случуваат. Нашата обврска е да ја заштитиме животната средина, но пред сè да го заштитиме здравјето на граѓаните. Токму затоа очекуваме брза, темелна и транспарентна истрага, целосно расчистување на случајот и соодветна одговорност за сите инволвирани, нагласи Хоџа.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Останува во сила забраната за користење на водата од гостиварскиот водовод
Следна Статија (ФОТО) Невреме го погоди Стар Дојран

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. На повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат…

November 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Во денови на жалост во Македонија, екс министерката за култура бара да оди на платено службено патување

Иако македонската делегација го откажа своето учествува на редовната априлска сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, поради големата…

March 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Oд опозицијата мислат дека се родени за да бидат на власт, ние сметаме дека сме предодредени да работиме и се жртвуваме за својот народ

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ синоќа од Струмица по повод 36 роденден на ВМРО-ДПМНЕ кој се одбележува под мотото ,,Македонија забрзува,…

June 18, 2026
МАКЕДОНИЈА

(ВО ЖИВО)Трибина: Локални и глобални предизвици од младинско значење

https://www.youtube.com/watch?v=agyVEe0Ap2k  

November 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?