Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Џ. Д. Венс доаѓа во Унгарија за да даде поддршка на Орбан пред изборите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Џ. Д. Венс доаѓа во Унгарија за да даде поддршка на Орбан пред изборите
СВЕТ

Џ. Д. Венс доаѓа во Унгарија за да даде поддршка на Орбан пред изборите

Објавено April 3, 2026 13:52
Сподели
Сподели

Во Унгарија во тек се подготовки за посетата на американскиот потпретседател Џ. Д. Венс следната недела по Велигден, само неколку дена пред парламентарните избори во земјата – јави ДПА.

Полицијата во Будимпешта денеска објави долг список на затворени патишта во унгарската престолнина за вторник и среда.

Потпретседателот Венс има намера да се сретне со премиерот Виктор Орбан во Будимпешта и да одржи говор за „богатото партнерство“ меѓу двете земји, наведе Белата куќа.

Посетата е особено контроверзна бидејќи парламентарните избори треба да се одржат во Унгарија само неколку дена подоцна, на 12 април.

Според анкетите, пренесува ДПА, десничарскиот популист Орбан, кој е на функција од 2010 година, би можел да изгуби од противкандидатот Петер Маѓар.

Набљудувачите ја гледаат посетата на Венс како обид за зајакнување на изборната кампања на Орбан, пренесува германската агенција.

Орбан долго време одржува добри односи со американскиот претседател Доналд Трамп и дели многу од неговите политички ставови. Тој го посети Трамп неколкупати во неговата резиденција во Мар-а-Лаго, Флорида.

Американскиот државен секретар Марко Рубио во февруари беше во официјална посета на Унгарија, потсетува ДПА

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Дескоски: Савески пред три клучни теста – Кочани, СЈО и случајот „Жан Митрев“
Следна Статија Цените на горивата уште долго нема да паѓаат!

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Лавров: САД почнуваат подобро да ја сфаќаат позицијата на Русија

Преговорите кои траеја четири и пол часа во Ријад беа првите на такво ниво од почетокот на конфликтот во Украина,…

February 18, 2025
СВЕТ

Орбан: Влезот на Украина во ЕУ е смртоносен удар за Унгарија

Ако Украина стане членка на Европската Унија, тоа ќе значи помали средства од ЕУ за Унгарија, изјави денеска унгарскиот премиер…

April 24, 2025
СВЕТ

(Видео) Хамас предаде четири ковчези со тела: меѓу нив и телото на најмалиот заложник, неговиот брат и мајка му

Хамас му предаде на Црвениот крст четири ковчези со тела на заложници, јавуваат светските медиуми. Меѓу нив се и телата…

February 20, 2025
СВЕТ

Закерберг: Владата на Бајден нѐ принуди да ги отстраниме објавите за нуспојави од Ковид вакцини

Марк Закерберг, шефот на Мета, се појави на подкастот на Џо Роган каде што рече дека неговата компанија била под…

January 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?