Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Агелер: Помалку зборување, повеќе акција во правосудството
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Агелер: Помалку зборување, повеќе акција во правосудството
МАКЕДОНИЈА

Агелер: Помалку зборување, повеќе акција во правосудството

Објавено November 27, 2025 09:48
Сподели
Сподели

Американската амбасадорка во Македонија, Анџела Агелер, во гостувањето во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 остро се осврна на состојбата во правосудниот систем, но и на односот на премиерот Христијан Мицкоски кон Обвинителството.

Агелер потсети дека САД до сега инвестирале „половина милијарда евра“ во судството, но резултатите не се на ниво на очекувањата.

– Воопшто не ми се допаѓа состојбата во судството. Сакам да видам помалку зборување од страна на премиерот, а повеќе дејствување во рамките на судството – порача Агелер, нагласувајќи дека задржувањето на фокусот на јавни изјави не ги решава системските проблеми.

Таа појасни дека, иако премиерот не треба директно да избира обвинители, има политичка одговорност да обезбеди функционален систем.

– Политичарите зборуваат за многу работи – тоа е дел од нивната улога. Но на крајот, кога се гледаат резултатите, се заклучува дека има застој – додаде Агелер.

Амбасадорката истакна дека ја охрабрило неодамнешното апсење поврзано со злоупотребите на ИПАРД-фондовите, но нагласи дека одговорноста не може да се сведе само на една личност.

– Инвестиравме многу години и многу пари. Сега луѓето од оваа држава и оваа влада треба да се покажат на дело – порача таа, додавајќи дека токму институциите треба да бидат двигателот на реформите, а не политичките препукувања.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Затворена кујната во ОУ „Димо Хаџи Димов“ во Скопје, утре првични информации за причините за стомачните тегоби кај учениците
Следна Статија Денеска сите навивавме за Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Родителите на починатите во пожарот во „Пулс“ денеска маршираа по 27. пат

Попладнево во Кочани се одржа 27. „Марш за ангелите“ по дождливо време и според вообичаената маршрута, но без давање официјална…

October 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Повеќе од 15 години нема конкретна законска забрана за употреба на пиротехнички средства во објекти од затворен тип, утврди ДКСК

Повеќе од 15 години нема забрана за употреба на пиротехнички средства во обејкти и простории од затворен тип иако се…

April 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Сè додека сум премиер проблемите ќе се решаваат

Се трудиме во овие пет месеци да го консолидираме сето она кое што повеќе од три децении е уништувано, а…

November 11, 2024
МАКЕДОНИЈА

Алексоска: Мора што побрзо да се даваат психолошката помош и поддршка

Мора што побрзо, како општество да дејствуваме и да им се даде психолошката помош на сите, најмногу на семејствата кои…

March 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?