Агенцијата Ројтерс добила огромни пари од Министерството за одбрана за голема општествена измама

- Advertisement -

Водечката светска новинска агенција Ројтерс добила огромни пари од Министерството за одбрана на САД за голема општествена измама открива шефот на новата американска институција Оддел за владина ефикасност ДОГЕ, Илон Маск.

Маск споделува пост и фотографија на која се гледа дека владата на САД и Ројтерс потпишале договор за плаќање на јавна манипулација од страна на Ројтерс.

,,На Ројтерс американската влада му платила милиони долари за „општествена измама од големи размери“.

Тоа е буквално она што го пишува на нарачката! Тие се целосна измама.

Леле”, објави Маск.

Во објавениот договор се гледа дека ставката за која Ројтерс добила 9 милиони долари за четири години е ,,Социјален инжинеринг”.

🚨🇺🇸 Министерството за одбрана му платило на Ројтерс 9 милиони долари ЗА ПРОГРАМАТА „СОЦИЈАЛЕН ИНЖЕНЕРСТВО“

Истрагите на DOGE откриваат мистериозни исплати на Министерството за одбрана на Ројтерс за проект за „општествена измама“ од 2018 до 2022 година.

Додека DARPA тврди дека тоа било за сајбер одбрана, се вртат прашања за тоа зошто една новинска агенција добила милиони за „социјален инженеринг“.

Откритието доаѓа кога другите медиуми се соочуваат со лупа околу федералното финансирање.

Извор: USASpendingGov”, пишува во објавата која ја споделува Маск.

Сподели ја оваа статија