Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: АЕК ќе распише јавен тендер за нов мобилен оператор поради голем интерес
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > АЕК ќе распише јавен тендер за нов мобилен оператор поради голем интерес
ЕКОНОМИЈА

АЕК ќе распише јавен тендер за нов мобилен оператор поради голем интерес

Објавено May 27, 2025 16:11
Сподели
Сподели

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) објави дека ќе распише јавен тендер со јавно наддавање за доделување радиофреквенции, откако пристигнаа писма за искажување интерес од три компании: ONE Македонија, Битстрим Мобиле и е& ППФ Телеком Груп.

ONE Македонија предложи измени во условите, вклучувајќи можност за плаќање на рати, попусти за нови оператори, ревидирање на обврските за 5G покриеност и одложување на почетокот на комерцијално работење. АЕК прифати дел од нив, меѓу кои е ревидирање на условот за 5G покриеност – сега се бара сите населени места да имаат 5G сигнал до 2032 година – и дозволи старт со мрежа во најмалку еден град до крајот на 2026 година.

Сепак, предлозите за намалување или одложување на плаќањата беа одбиени поради законски ограничувања. Битстрим Мобиле изрази интерес за фреквенции што не беа опфатени со првичната Намера, па АЕК најави дека ќе објави нова процедура за тие опсези.

Од друга страна, е& ППФ Телеком Груп оцени дека минималните надоместоци се преголеми, но АЕК објасни дека цените се одредени врз основа на анализа и нема можност за нивно намалување. А1 Македонија побара став дали АЕК ќе интервенира ако новиот оператор се спои со постоечки.

Агенцијата појасни дека во сличен претходен случај постапила со цел да се ослободат фреквенции и да се заштити конкуренцијата, и дека така ќе постапи и во иднина. Со оглед на тоа што бројот на заинтересирани субјекти е поголем од достапните дозволи, АЕК ќе објави јавен тендер со јавно наддавање, со што се отвора можност за појава на трет мобилен оператор во Македонија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија 22 денари за километар, поевтино од такси – прва услуга за користење електрични автомобили, car sharing AVANT2GO
Следна Статија Смртоносна епидемија во Велика Британија: сомнежите се дека изворот е сезонско овошје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Најавено поевтинување на дизелот за 6,5 денари

Премиерот Христијан Мицкоски очекува стабилизирање на цените и поевтинување на дизел горивото за 6,5 денари. За утре најави онлајн владина…

May 30, 2026
ЕКОНОМИЈА

Ценовен шок во маркетите – поскапеа млекото, месото, сирењето, јајцата, синдикалната кошничка повисока за 1.000 денари за неколку дена

Цените во маркетите рушат рекорди. Телевизија 21 беше во обиколка на неколку поголеми ланци на маркети. Регистриравме повисоки цени минимум…

May 10, 2025
ЕКОНОМИЈА

ФАО: Светските цени на храната се намалуваат петти месец по ред

Светските цени на храната во јануари се намалија петти месец по ред, а глобалните резерви на житни култури се приближија…

February 6, 2026
БАЛКАНЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАПОЛИТИКА

ДПИ изрече осум парични казни за трговците кои не ја почитуваа одлуката на Владата, треба да платат 20 илјади евра

Државниот пазарен инспекторат ги изрече првите парични казни за непочитувачите на одлуката на Владата со која им се наложи на…

September 26, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?