Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Академик Живко Попов: Борбата за македонскиот јазик не е завршена!
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Академик Живко Попов: Борбата за македонскиот јазик не е завршена!
МАКЕДОНИЈА

Академик Живко Попов: Борбата за македонскиот јазик не е завршена!

Објавено March 11, 2026 17:02
Сподели
Сподели

Борбата за зачувување на македонскиот јазик не е завршена и таа мора да продолжи пред меѓународните институции за човекови права, нагласи денеска академик Живко Попов, претседател на Македонската академија на науките и уметностите. На годишното Собрание, рече дека минатата година, Академијата остварила забележителни резултати во научноистражувачката и уметничката дејност, а за оваа година е предложена обемна и богата работна програма со вкупно 71 проект од разни области. Тој посвети посебен дел на минатогодишното одбележување на јубилејот од 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик. Со тоа, македонскиот јазик не само што бил официјализиран во Македонија, туку бил и внесен во светското семејство на литературни јазици.

–Официјализирањето на македонската азбука и на македонскиот стандарден јазик не е никаква „вештачка конструкција“, туку логичен тек на долговековниот просторен и временски континуитет на македонскиот јазик и неговите дијалекти на цела територија. Тој има долга историја и особен влог во рамките на групата на словенски јазици и светското јазично семејство. Но борбата за зачувување на македонскиот јазик не е завршена. Таа мора да трае и да продолжи пред меѓународните институции за човекови права бидејќи неговата официјална употреба од страна на деловите на македонскиот народ во соседните земји е оневозможена со преземените обврски со потпишаните меѓународни договори. Државните институции треба да вложат поголеми усилби за имплементација на Законот за македонскиот јазик. Потребно е и воспоставувањето на правилна употреба на македонскиот јазик како официјален јазик за меѓусебно разбирање на сите граѓани на државата, согласно со општоприфатените меѓународни прописи во светот и во ЕУ – рече првиот академец во годишното обраќање.

Партизацијата на општеството – најголем проблем

Попов потсети дека македонскиот јазик е единствениот национален јазик во Европа, заедно со црногорскиот, без свој национален или референтен корпус и дека тој пропуст мора да се исправи. Корпусите, додаде тој, претставуваат големи колекции на јазични податоци и се неопходни за напредокот на многу поддисциплини во рамките на лингвистиката.

– Потребни се коренити реформи во сферата на научноистражувачката дејност и високото образование, а подигањето на нивниот квалитет е услов без кој македонското општество не се може да се развие. Тие мора да се третираат како стратегиски приоритети на државата кои во иднина би вклучиле формирање на посебно министерство за високо образование, унапредена и рационална рамка за високо образование, но и за МАНУ – нагласи академик Попов.

Зборувајќи за проблемите во македонското општество, тој посебно ја нагласи партизацијата.

– Можеме слободно да констатираме дека во нашето општество сè уште е присутна генерална партизација на институциите. Посебно е видлива во јавната администрација, но и во другите државни институции кои треба да бидат независни. За жал, ваквата ситуација ќе потрае. Партизацијата доведе и до нефункционален правосуден систем со минимална доверба на граѓаните и перманентна критика во извештаите. Судскиот совет, во неговото досегашно дејствување, не се покажа доволно силен, убедлив и компетентен да ги наметне своите одлуки, а што се очекува да биде променето со новиот закон. Во нашата земја треба да се изберат правосуден систем и законодавство што одговараат на големината на државата, на менталитетот на населението и на меѓународната практика – рече тој.

Попов нагласи дека со тоа што на повидок е формирање и на четврти медицински факултет во земјава, се девалвира и се разводнува квалитетот на наставата и науката. Двомилионско население во земјава, според него, може да произведе квалитетни професори и доволен број на пациенти за едукација на студентите едвај за еден квалитетен факултет.

– Неопходно е поскоро обединување на клиниките во еден универзитетски клинички центар на Македонија и негово соединување со Медицинскиот факултет и враќање во матичната установа УКИМ – нагласи првиот академик.

Стратегиски партнери треба да помогнат за ЕУ

Во однос на евроинтегративните процеси, Попов рече дека тие се комплетно блокирани со ирационалниот спор со нашите соседи.

– Потпишаниот воено-политички стратегиски договор со САД, битното подобрување на односите со американската администрација предвидена од претседателот Трамп, во секој случај, е нешто многу позитивно. Одличен избор е и нашиот стратегиски договор со Обединетото Кралство. Сето тоа, кај поголемиот дел од македонскиот народ, влева надеж дека може да се добие одредена поддршка во решавањето на билатералниот спор со Бугарија и подобрувањето на релациите со Брисел. Во она што може да следува како сценарио, нашата мала земја нема да може да се справи сама, затоа и се потребни силни стратегиски партнери – рече Попов.

Според него, европскиот пат е нашата единствена права и реална опција.

– Пред сè, сме Европејци, а ЕУ е свесна дека европскиот континент никогаш нема да биде комплетен без Западен Балкан. Урсула фон дер Лајен изјави дека „заслугите на земјите кандидатки го одредуваат пристапувањето кон ЕУ“. Но, дали е така? Овој принцип и очекувана шанса нè чини, нас, повозрасните, половина живот исчекување и опстојување на маргините на ЕУ. Нашите стратегиски партнери треба да ѝ помогнат на Македонија поскоро да го заврши интегративниот процес, нагласи претседателот на МАНУ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Застрашувачки најави од Иран: Подгответе се за цена на нафтата од 200 долари за барел
Следна Статија Во Скопје одбележани 83 години од депортацијата на македонските Евреи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

МВР: Вчера 651 прекршок регистриран преку „Безбеден град“, 585 за пребрзо возење

Преку „Безбеден град“ вчера биле регистрирани 651 прекршок, од кои 585 биле за пребрзо возење. Изречени се вкупно 58 забрани…

February 3, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Очекувам до следната летна или есенска сезона да има нови 100 до 120 електрични автобуси за јавен градски превоз

Премиерот Христијан Мицкоски очекува до следната летна или есенска сезона во земјава да има нови 100 до 120 електрични автобуси…

November 24, 2024
МАКЕДОНИЈА

Македонија десетта во Европа според процентот на жители со прекумерна тежина

Според Светската здравствена организација, речиси секој трет македонски граѓанин е потежок од нормалното. Со 30,65 проценти жители со тежина над…

September 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Митева: Нов канал за директна комуникација со повредените во трагедијата во Кочани – 070 355 526

Во овие моменти, кога Кочани и цела Македонија сè уште ја чувствуваат болката од трагедијата што ја потресе нашата држава,…

June 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?