Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Акушерки од Македонија совладуваа напредни вештини за природно породување во Грција
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Акушерки од Македонија совладуваа напредни вештини за природно породување во Грција
ЗДРАВЈЕ

Акушерки од Македонија совладуваа напредни вештини за природно породување во Грција

Објавено December 16, 2025 15:24
Сподели
Сподели

Програмата на англиски јазик за доживотно учење „Advanced Clinical Skills in Labour and Childbirth“, што ја реализира Центарот за едукација и доживотно учење (KEDIVIM) при Универзитетот на Западна Македонија, во Флорина (Лерин), Грција, претставува значајна инцијатива за интернационализација и прекугранична соработка, која ја зајакнува размената на знаење и обезбедувањето висококвалитетни услуги во областа на мајчинската здравствена заштита во регионот на Балканот.

Во рамки на програмата беше спроведена практична обука со физичко присуство во Лабораторијата за симулации при Катедрата за акушерство, каде што акушерки од Република Северна Македонија се обучуваа за напредни техники и вештини, со посебен акцент на природното породување и современата клиничка пракса. Преку насочена теоретска и практична едукација, учесничките стекнаа вештини што суштински го подобруваат квалитетот на клиничката пракса во установите во кои работат.

Значењето на едукативниот процес и меѓународната димензија на програмата го истакна научниот раководител на програмата, вонреден професор Димитрис Папуцис, кој забележа дека „моето учество како научен раководител, но и како обучувач во програмата на странски јазик за специјализирана обука, наменета за акушерки од балканските земји, претставуваше исклучително плодотворно и креативно искуство“. Како што посочи, „обуката беше фокусирана на развој и зајакнување на напредни вештини во породувањето, преку комбинација на теоретска едукација и практична обука (hands-on) во современи методи на природно породување“.

Паралелно, тој нагласи дека „суштинската размена на знаења и добри практики придонесе за зајакнување на професионалната улога на акушерките и за унапредување на квалитетна мајчинска грижа на меѓународно ниво“, истакнувајќи дека „програмата на странски јазик има за цел да ја прошири меѓународната соработка и да промовира извонредност во акушерската едукација, пренесувајќи експертиза надвор од границите и зајакнувајќи ја меѓусебната поврзаност на здравствените професионалци во поширокиот балкански регион“.

Програмата се реализира со поддршка на Fetal Medicine Foundation (FMF) и професорот Кипрос Николаидис, со поддршка од Грчката Амбасада во Скопје, Светската здравствена организација (СЗО) и Здружението на акушерки на Република Северна Македонија. По завршување на програмата, учесничките ќе добијат сертификат за специјализација и европски призната стручна обука.

За значењето на оваа иницијатива се осврна и Амбасадорката на Грција во Скопје, Софија Филипиду која изјави дека „би сакала да му честитам на Универзитетот на Западна Македонија, со кој, како Амбасада на Грција во Северна Македонија и Генерален конзулат во Битола, имаме развиено тесна соработка за оваа многу значајна иницијатива за обука во областа на мајчинската грижа“.

Истовремено, таа изрази и благодарност „до директорот на Фондацијата „Fetal Medicine Foundation“, професорот Кипрос Николаидис за љубезната поддршка, како и до канцеларијата на Светската здравствена организација во Скопје и до Здружението на акушерки на Северна Македонија“.

Како што посочи, „само во изминатите неколку денови со голем успех се реализираше практична обука со физичко присуство во Лабораторијата за симулации при Катедрата за акушерство на Универзитетот во Птолемаида, а програмата, со научен раководител вонредниот професор Димитрис Папуцис, наскоро ќе биде завршена“. Исто така таа нагласи дека „обезбедувањето висококвалитетни услуги во мајчинската грижа – меѓу другото и во регионот на Балканот – претставува приоритет за Министерството за надворешни работи на Грција“, потсетувајќи дека „во 2022 година беше склучен меморандум за соработка помеѓу Министерството за надворешни работи на Грција, Фондацијата „Fetal Medicine Foundation“ во Обединетото Кралство и Министерството за здравство на Северна Македонија за спроведување на програма за фетална медицина за периодот 2022–2025 година“. Во рамките на оваа програма, „на Универзитетската клиника за акушерство и гинекологија во Скопјe беше основана најсовремена единица за фетална медицина/пренатална нега“.

Слични едукативни активности се очекува да се реализираат во наредниот период, со учество на акушерки од сите балкански земји, со што ќе се прошири влијанието на програмата и научната соработка во регионот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Србин почина под чудни околности во Москва: Работел за одбранбена компанија
Следна Статија Сијарто: Европската политичка елита не е заинтересирана за мир во Украина

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Алиу се сретна со Кедев: Сите приватни болници од 15 септември треба да го информираат МЗ за сите извршени прегледи и интервенции

Министерот за здравство Азир Алиу денеска имаше средба со д-р Сашко Кедев, на која беа разменети информации во врска со…

August 25, 2025
ЗДРАВЈЕ

Лекарската комора го поддржа Законот против пушењето

Лекарската комора на Република Македонија, како професионална организација што ги обединува лекарите од сите нивоа на здравствената заштита, дава поддршка…

January 16, 2026
ЗДРАВЈЕ

Неопходно е подигнување на свесноста за превенција од рак на дојка

Подигнувањето на свесноста за превенција од рак на дојка е целта на настанот „Појадок со ХЕМА-ОНКО“ и хуманитарниот базар што…

October 19, 2024
ЗДРАВЈЕ

Случај „Лажни инвалидски пензии“: 36 обвинети и 13 спогодби, првообвинетата докторка ќе лежи три ипол години затвор

По спроведена истражна постапка започната кон крајот на април годинава, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција…

July 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?