Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: АЛАРМАНТНО – Гори паркот на природата „Езерани“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > АЛАРМАНТНО – Гори паркот на природата „Езерани“
ХРОНИКА

АЛАРМАНТНО – Гори паркот на природата „Езерани“

Објавено July 21, 2025 12:25
Сподели
Сподели

Од Македонското еколошко друштво алармираат дека гори Паркот на природата Езерани.

– Преспа утрово повторно се разбуди обвиена во чад по деноноќното уништување предизвикано од неконтролираниот пожар во Паркот на природата Езерани. Ова заштитено подрачје сместено на северното езерско крајбрежје важи за едно од најзначајните подрачја за биолошка разновидност во Преспанскиот регион и во државата, дом на голем број растителни и животински видови кои во моментот се жртва на пламените јазици. Освен негативните последици врз биодиверзитетот, пожарот несомнено ќе се одрази негативно и врз целиот Преспански предел, дополнително ќе биде нарушена состојбата на Езерото, како и квалитетот на живот на локалното население! Под ризик се приватните поседи и овоштарниците од населените места кои граничат со Паркот! – велат од МЕД. 

– Мобилизирани се сите локални капацитети за борба со огнот, но пожарот е сѐ уште надвор од контрола и потребна е дополнителна помош од надлежните институции! Брзата реакција е неопходна за спас на Езерани! – порачаа од МЕД. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Збогувајте се со имплантите и пломбите, група научници поттикна раст на заб во лабораториски услови
Следна Статија Илинденска прослава во Овчарани: Македонскиот дух живее во Леринско (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Нова кривична за Рамиз Мерко: Библиотекар именувал за директор на училиште без соодветно образование

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Р.М.(67) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење…

December 16, 2024
ХРОНИКА

Почина осуденик од затворот Идризово

На 03.03.2025 во 17.50 часот во СВР Скопје, од Комлекс клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека во 15.30 часот кај…

March 4, 2025
ХРОНИКА

На Ќафасан уапсен жител на Кичево баран со меѓународна потерница

На граничниот премин „Ќафасан", на албанско-македонската граница кај Струга, при влез на територија на Албанија е уапсен жител на Кичево…

July 6, 2025
ХРОНИКА

Поднесено обвинение против мотоциклистот кој го усмрти Југослав Николовски

По целосно спроведена истражна постапка и обезбедени докази, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за сторени…

July 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?