Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Албанската дијаспора испратила 251 милиони евра во првиот квартал годинава
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Албанската дијаспора испратила 251 милиони евра во првиот квартал годинава
БАЛКАН

Албанската дијаспора испратила 251 милиони евра во првиот квартал годинава

Објавено June 13, 2025 09:21
Сподели
Сподели

Податоците на Централна банка на Албанија, покажуваат дека дознаките на иселениците, во периодот јануари-март, забележале раст од четири отсто споредено со истиот период минатата година.

Според податоците објавени во платниот биланс на банката девизните приливи на иселениците во овој период достигнале 251 милиони евра или девет милиони повеќе во однос на споредбениот период.

Италија, Грција, Германија, Франција, Велика Британија и САД водат како земји од кои доаѓаат најголеми приливи поради големиот број албански иселеници кои живеат и работат во овие земји.

Банката забележува дека високите нивоа на дознаки, туристичките трошоци и странските директни инвестиции се главните фактори за силното зајакнување на албанската валута – лек, во однос на странските валути во целина, посебно еврото, чија вредност денеска е 98,4 леки.

Минатата година дознаките изнесувале над милијарда евра, што се повисоки за 115 милиони евра споредено со 2023 година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Анализа на Би-Би-Си: Трамп побара од Нетанјаху да не го напаѓа Иран, не го послуша
Следна Статија Израелците масовно купуваат храна и вода: се подготвуваат за иранска одмазда

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

(Видео) „Помалку ќе се здебелам, спасот е во калинката“: Вучиќ налути многумина со новата снимка

Александар Вучиќ го привлече вниманието на социјалните мрежи, овој пат со своето необично видео на „Тик-ток“. Додека во Србија продолжува…

March 27, 2025
БАЛКАН

Македонец обвинет во Хрватска за меѓународен шверц на кокаин

Поднесено е обвинение против 31-годишен државјанин на Македонија, осомничен за меѓународен шверц на кокаин. Како што соопшти хрватската Служба за…

May 13, 2025
БАЛКАН

Хрватите гласаат на претседателски избори

Во Хрватска денеска ќе се одржи првиот круг од претседателските избори, по парламентарните избори во април и европските во јуни,…

December 29, 2024
БАЛКАН

Грција: По 500 евра месечно за баби кои ќе чуваат внуци

На почетокот на 2025 година во Грција на национално ниво ќе започне програмата „Бебиситерки од соседството“ со цел да се…

October 29, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?