Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Алиу: Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ ќе има најмодерен паркинг во Македонија, треба да биде завршен за три месеци
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Алиу: Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ ќе има најмодерен паркинг во Македонија, треба да биде завршен за три месеци
ЗДРАВЈЕ

Алиу: Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ ќе има најмодерен паркинг во Македонија, треба да биде завршен за три месеци

Објавено October 3, 2025 09:08
Сподели
Сподели

Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ ќе има најмодерен паркинг во Македонија. Освен цела инфраструктура базирана на „смарт паркинг“, ќе располага и со монтажна катна гаража, рече вечерва министерот за здравство Азир Алиу.

Во гостување на „Само интервју“, Алиу информира и дека со спојувањето на клиниките во рамки на Клиничкиот центар ќе се оди чекор по чекор. Најпрво, по изборите, ќе се спојат Кардиологија и Кардиохиругија, а потоа и останатите меѓусебно сродни и природно поврзани клиники.

Според него, малку операции има на Кардиохирургија поради гапот на барања и недостиг на кадар. Затоа, рече, прв пат е потпишан Меморандум за соработка со приватните болници.

Министерот најави и промена на позитивната листа два пати годишно со цел нејзино ревидирање, отстранување на дел од застарените лекови и додавање нови.

-Административниот процес за паркингот заврши и најверојатно за кратко ќе почне да се работи. Министерството за здравство ќе потроши нула денари, зашто ќе се инвестира од ЈП Паркинзи – Скопје. Ценам, а и така ни е дефинирано, за три месеци да биде завршен паркингот, напомена Алиу.

Тој се осврна и на Мој термин. Нагласи дека е оптимизиран со што се намалени листите на чекање.

-Сега веќе знаеме во реално време кои доктори колку време се во амбуланта, а колку се на операција. Инаку, нема термини, да, се согласувам, но тоа е поради човечкиот фактор – мора да има доктори за да има повеќе термини, подвлече министерот.

Негова оценка е дека дигитализацијата ќе ги реши клучните проблеми. Алиу најави и 10-годишна стратегија за здравството во соработка со Министерството за обраозвание. Така, рече, ќе се знае колку места ќе се отворат во кој град за кои профили во средното стручно образование, ќе се знае бројот на слободни места на факултет за лекари, па оттука и за пет години ќе се знае колку доктори ќе има во државата или за четири години колку медицински сестри.

-Кога се зборува за дигитализација на медицината во светот, ние се уште се занимаваме со базични проблеми. Дигитализацијата е една од клучните активности и веќе креирав посебен сектор што се занимава со тоа. Исто така, правиме напори да има резултати од скринингот за максимум една недела, а не по шест месеци како досега. Во преговори сме со Италија, Словенија, Австрија за обуки на наши лекари и медицински сестри, како и за соработка, истакна Алиу.

Во здравството, укажа, мора за минимум 10 години да се креира стратегија.

-Откако дојдов на функцијата прво ги дефиниравме проблемите. Веќе се јасни – тоа се инфраструктурата, недостигот на кадар,… Кога веќе знаеме со што се соочуваме, природно е да креираме политки за решавање на проблемите и веќе имаме резултати. Првите резултати се тоа што веќе се менуваат 12 закони, во понеделник ќе има дебата за нив. Вториот момент е моделот на финансирање. Ние решаваме и дневни проблеми со што се губи фокусот на долгорочните политики, рече министерот.

Според него, изненадува тоа што дел од лекарите кои работат надвор, сакат да се вратат во земјава.

-Повеќето не одат поради платата, туку поради инфраструктурата. Надвор работат со многу подобри, нови апарати од 2024 година, на пример, отколку тука со апарати од 1984 или 1985 година. Се изненадив, дали знаете дека од 1974 година имаме алатки со кои работат нашите доктори. Па колку и да си стручен, околината не ти дава да бидеш во тек. Ова е првиот момент, а вториот е кариерниот развој што кај нас е дефиниран само на хартија. Но, овие две работи ќе ги отстраниме, порача Алиу.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија 5 витамини неопходни за секоја жена по 30-тата година
Следна Статија МФ: Исплатени 19,4 милиони евра нова транша за поддршка на домашните компании

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Над 2000 медицински сестри лани ја напуштиле државата

Недостигот од медицински сестри во здравствените установи претставува голем проблем, како за болниците, така и за пациентите. Дефицитот од медицински…

May 13, 2025
ЗДРАВЈЕ

Клиниката за уво, нос и грло доби опрема што е реткост во регионот

Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство Азир Алиу денес ја посетија реконструираната Клиника за уво, нос и грло во…

August 1, 2025
ЗДРАВЈЕ

До две години ќе трае рехабилитацијата на 43 потешко повредени пациенти од Кочани

Во странство се лекуваат 44 повредени од пожарот од Кочани, информираше денеска во Куманово, министерот за здравство Арбен Таравари. Таравари…

April 24, 2025
ЗДРАВЈЕ

Кои се „најдебелите“ земји во светот? Каде е Македонија на листата?

Нивоата на дебелина скокнаа за 17 пати во делови од светот во последните две децении. Од 200 земји кои историски…

November 17, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?