Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Американската влада објави околу 10.000 страници документи за атентатот на Роберт Кенеди
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Американската влада објави околу 10.000 страници документи за атентатот на Роберт Кенеди
СВЕТ

Американската влада објави околу 10.000 страници документи за атентатот на Роберт Кенеди

Објавено April 19, 2025 09:16
Сподели
Сподели

Американската влада објави околу 10.000 страници документи поврзани со атентатот на сенаторот Роберт Ф. Кенеди во 1968 година, продолжувајќи со објавувањето на доверливите документи во согласност со наредбата на претседателот Доналд Трамп.

Директорката на Националното разузнавање Тулси Габард рече дека објавувањето на документите поврзани со атентатот на Роберт Кенеди „ќе го впери долгоочекуваното светло на вистината“.

– Речиси 60 години по трагичниот атентат на сенаторот Роберт Кенеди, американскиот народ за прв пат ќе има можност да ја разгледа истрагата на федералната влада благодарение на раководството на претседателот Трамп, напиша Габард.

Управата за национална архива и документација на САД објави околу 229 датотеки што ги содржат тие страници на својата веб-страница.

Американскиот претседател Доналд Трамп во јануари потпиша извршна наредба за декласификација на преостанатите федерални документи поврзани со атентатите на претседателот Џон Кенеди, сенаторот Роберт Ф. Кенеди и Мартин Лутер Кинг помладиот.

Во средината на март, американската влада почна да ги објавува преостанатите доверливи документи за атентатот на претседателот Џон Ф. Кенеди во 1963 година во Далас.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Посебен сообраќаен режим поради верскиот празник Велигден
Следна Статија Мемфис го совлада Далас, Мајами преку Атланта до место во разигрување за титулата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Почина легендарниот екстремен спортист Феликс Баумгартнер, познат по скокот од „работ на вселената“!

Човек кој скокна со падобран од вселената и преживеа, почина 13 години подоцна додека летал со параглајдер на јадранскиот брег.…

July 17, 2025
СВЕТ

(Видео) Трамп го прекина Стармер на прес-конференција: „Доста е“

За време на заедничката прес-конференција во Белата куќа, американскиот претседател Доналд Трамп го прекина говорот на британскиот премиер Кир Стармер.…

February 28, 2025
СВЕТ

Кардиналите се вратија во Сикстинската капела

Сите 133 кардинали кои ја сочинуваат конклавата се вратија во Сикстинската капела откако заминаа на пауза за ручек по утринските…

May 8, 2025
СВЕТ

Трамп на средбата со Зеленски: Мислам дека Путин сака конфликтот да заврши

Америанскиот претседател Доналд Трамп, на средбата со својот украински колега, Володимир Зеленски, изјави оти верува дека рускиот претседател Владимир Путин…

August 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?