Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Американски џамбо авион „БОИНГ 747“ слета на Скопскиот аеродром
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Американски џамбо авион „БОИНГ 747“ слета на Скопскиот аеродром
МАКЕДОНИЈА

Американски џамбо авион „БОИНГ 747“ слета на Скопскиот аеродром

Објавено December 4, 2025 14:04
Сподели
Сподели

Транспортен џамбо авион од типот „боинг 747“ на американската компанија „Атлас ер“ утринава слета на Скопскиот аеродром. Долета од воената база Довер на источниот брег на САД.

Од Министерството за одбрана за САКАМДАКАЖАМ.МК изјавија дека транспортот е наменет за потребите на Армијата.

Прекуокеански широкотрупни авиони како што е „боинг 747“ се ретки посетители на Скопскиот аеродром.

Иако Меѓународниот Аеродром Скопје не е типично опремен за прием на најголемите „џамбоџет“ авиони како што се „ербас“ А350 , „ербас“ А330, или „боинг“ 787 и 747 поради должината на пистата и инфраструктурата, сепак, ова не е првпат големи летала да слетуваат тука. Летоска за потребите на младинската Олимпијада што се одржуваше во Скопје, слетаа прекуокеанските „ербас А330“ на Туркиш ерлајнс на редовната линија од Истанбул, како и вонреден лет на „Етиопијан ерланјс„ од Париз со „боинг 787- дримлајнер“.

Четворомоторецот „747“, или како што го викаат „Кралицата на небото“ е поголем од овие широкотрупни авиони.

И за време на косовската криза во 1999 година, на аеродромот често слетуваа воени транспортни авиони „Ц-5 галакси“ на американското воено воздухопловство. Исто така, во мај истата година, широкотрупни авиони од типот „боинг 747“, изнајмени од Меѓународната организација за миграција (ИОМ), беа користени за транспорт на косовските бегалци во САД, превезувајќи по околу 450 патници на лет.

„Боинг 747“ престана да се произведува во јануари 2023.

Последниот џамбо џет „747“ нарачан токму од „Атлас ер“, компанијата што денеска долета во Скопје за потребите на македонската армија, ја напушти фабриката во американската сојузна држава Вашингтон на 31 јануари 2023.

Почнувајќи од 1969, „747“ служеше како товарен и комерцијален авион способен да превезува речиси 500 патници, како претседателски авион „ер форс уан“, а НАСА со него транспортираше спејс шатлови. Но, во изминатите 15 години, европскиот ривал „Ербас“ воведе попрофитабилни и поштедливи авиони со два мотора, наспроти четирите на „747“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Прада ја комплетира куповината на долгогодишниот ривал Версаче за 1,4 милијарди долари
Следна Статија Конгресните комитети ќе ги истражат деталите за estadounичкиот напад врз бродски преживеани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Паднав пред џип, возачот не ме виде и ќе ме смачкаше – Познат македонски доктор доживеа тешка несреќа

Доктор Никола Пановски на Фејсбук објави дека вчера доживеал несреќа, во која за малку можел да загине. Ова му се…

December 25, 2024
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова: Не сум за нови црвени линии, јас сум за договор дома

Не сум за нови црвени линии, јас сум за договор дома. Ако одиме надвор со консензус, тогаш ќе не почитуваат,…

October 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Касаноф: Ја гледаме искреноста и посветеноста на Владата на европските интеграции и неопходните реформи

Ја гледаме искреноста и посветеноста на Владата на европските интеграции и неопходните реформи, не само во она што го зборува,…

December 5, 2024
МАКЕДОНИЈА

Филипче: Нека не води победничкиот дух на 11 Октомври во сите битки и одлуки кои се пред нас

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче преку видео обраќање, упати порака до граѓаните по повод 11 Октомври, Денот на народното востание,…

October 11, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?