Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: АНБ доставиле три известувања до Обвинителство за еден поранешен директор и група вработени
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > АНБ доставиле три известувања до Обвинителство за еден поранешен директор и група вработени
МАКЕДОНИЈА

АНБ доставиле три известувања до Обвинителство за еден поранешен директор и група вработени

Објавено August 29, 2025 17:40
Сподели
Сподели

Агенцијата за национална безбедност (АНБ) доставила три известувања до Јавното обвинителство за еден поранешен директор и група вработени во АНБ поради индиции за незаконско, непрофесионално и неетичко постапување. Известувањата, како што велат од АНБ, се резултат на внатрешна истрага спроведена по смената на власта во 2024 г., а се однесуваат на постапувања во периодот од 2019 до 2024 г.

Внатрешната истрага довела до сознанија за оформување предмети за оперативни обработки на опозицијата, лидер на опозициска партија и група новинари и медиуми чија цел, според предметот, била уривање на власта. Цел на друга обработка, меѓу другото, биле јавен обвинител и министер во тогашната влада. Било утврдено и намерно одолговлекување на безбедносни проверки, на пример, за еден пратеник на тогашната опозиција, во постапка за добивање безбедносен сертификат. Истрагата на АНБ утврдила дека во овие случаи противправно биле користени материјално-техничките ресурси на Агенцијата, а незаконски се спроведувало и следење на комуникациите.

Известувањата до Обвинителството, велат од АНБ, биле испратени пред околу еден месец.

Актуелен директор на АНБ е Бојан Христовски, а во посочениот период со Агенцијата раководеа Виктор Димовски и Заре Милошевски

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Првпат по десет години, три милиони невработени во Германија
Следна Статија Експерти ќе им помагаат на руралните општини – Владата формира Ресурсен центар

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Бојкот на наставата во „11 октомври„ во Скопје- донеле насилен ученик од друго училиште

Учениците од прво до четврто одделение од Основното училиште „11 Октомври“ во Скопје денеска не дојдоа на настава. Ваквата одлука…

December 3, 2024
МАКЕДОНИЈА

СНЕГ ПАЃА НА СТРАЖА – до вечерва се очекува снег на повеќе локации низ земјва, а можно е и низ градовите (ВИДЕО)

Снег вее на планинскиот превој Стража, а снимки од новиот снежен бран веќе се споделуваат на социјалните мрежи.  Како што…

April 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

МВР: Одобренија за патување во странство за малолетни лица ќе се издаваат од 8 до 18 часот

Поради зголемен обем на барања, шалтерот во Одделението за управни работи - Скопје (во зградата на МРТВ) за издавање на…

June 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Денес соочувајќи се со бројни предизвици треба да го следиме делото на Св. Климент Охридски

На овој голем ден оддаваме должна почест и почит за неговото големо духовно-просветителско дело на Св. Климент Охридски, нашиот голем…

December 8, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?