Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ангеловска-Бежоска: Деглобализацијата може неповолно да се одрази и на родовата еднаквост
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Ангеловска-Бежоска: Деглобализацијата може неповолно да се одрази и на родовата еднаквост
ЕКОНОМИЈА

Ангеловска-Бежоска: Деглобализацијата може неповолно да се одрази и на родовата еднаквост

Објавено April 11, 2025 18:20
Сподели
Сподели

„Истражувања покажуваат дека растот на глобализацијата позитивно се одрази на стапката на активност на жените, односно земјите со поголема трговска отвореност имаат поголемо ниво на родова еднаквост. Според Извештајот на Светската банка фирмите извознички вработуваат повеќе жени ‒ жените се една третина од работната сила во споредба со помалку од четвртина во фирмите коишто не извезуваат, а особено повеќе вработуваат фирмите во странска сопственост и фирмите учеснички во глобалните синџири на снабдување каде што жените учествуваат со 37%, наспроти фирмите коишто не се дел од овие синџири на снабдување (25%). Оттаму, се проценува дека деглобализацијата не само што може позначително да го намали вкупниот светски БДП, зависно од интензитетот и каналите на влијание, дури и до 12%, туку може и понеповолно да се одрази на жените.“ Ова го посочи гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска во своето предавање пред студентите од „Американ колеџ“, како почесна членка на „Делта Му Делта Пи Алфа – Скопје“.

„Жените сочинуваат половина од светската популација, но значително помалку се вклучени во економските текови, што е особено важно за земји како нашата со недостиг на работна сила. Според Извештајот на Светскиот економски форум, родовиот јаз и натаму е предизвик во светски рамки, но и во нашиот регион, вклучително и во македонската економија. Притоа, се оценува дека ако и натаму се напредува со сегашната динамика, ќе бидат потребни 131 година за постигнување родова еднаквост“, посочи гувернерката која истакна дека за да се постигне таков напредок, неопходни се суштински реформи: надминување на институционалните, регулативните и културните препреки, политики што ќе ја поттикнат женската вклученост на пазарот на труд, поддршка за изнаоѓање рамнотежа во семејните и работните обврски и еднакви можности за кариерен и лидерски развој.

На предавањето, на кое се обрати и Венера Крлиу, проректорка за образование, се отвори и дискусија со студентите и членовите на „Делта Му Делта Пи Алфа“, кои ѝ поставија прашања на гувернерката, пред сѐ за нејзиниот кариерен развој и предизвиците на функцијата којашто ја извршува, како и најактуелното прашање во моментов коешто се однесува на американските царини и нивниот ефект врз домашната економија и странските директни инвестиции.


Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп: Русија треба да се размрда
Следна Статија Хорор во Загреб: Полицаец 15 години ја силувал и малтретирал неговата партнерка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Николоски: За пет години заеднички ќе ја завршиме пругата кон Бугарија

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, гостуваше во централниот дневник на ТВ Сител, каде што ги презентираше најновите информации…

November 27, 2024
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Очекувам над 85 % реализација на капиталните расходи годинава, ни претстои силен економски раст

Реализацијата на капиталните расходи оваа година ги проектираме на над 85 % за што сметаме дека ќе ја засили економијата…

January 27, 2025
ЕКОНОМИЈА

Дурмиши: Ако има зголемување на цените ќе има ригорозни мерки за трговците

Денеска министерот за економија Бесар Дурмиши изјави дека „есенската кошничка има ефект, цените на производите се намалени за пет до…

October 25, 2024
ЕКОНОМИЈА

Ангеловска-Бежоска: Членството во СЕПА е признание за нашата посветеност на финансиската интеграција во ЕУ, стабилноста и на модернизацијата

„Успехот на секоја жена е инспирација за друга. Денес сме опкружени со бројни примери на успешни жени кои секојдневно докажуваат…

March 7, 2025
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?