По повеќечасовна интервенција со специјална пена, скопските пожарникари успеаја целосно да го изгаснат пожарот кој избувна на депонијата кај Арачиново.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, информира дека и покрај тоа што огнените јазици се ставени под контрола, на терен сè уште може да се забележи чадење од неколку места.
Ангелов синоќа кажа дека пожарот е намерно запален со сончоглед.