Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ангелов со предупредување пред Нова година: Ниедна прослава не вреди живот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Ангелов со предупредување пред Нова година: Ниедна прослава не вреди живот
МАКЕДОНИЈА

Ангелов со предупредување пред Нова година: Ниедна прослава не вреди живот

Објавено December 25, 2025 13:27
Сподели
Сподели

Во пресрет на новогодишните и предновогодишните прослави, кога угостителските објекти се полни, а се организираат и бројни јавни забави, Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) упати јасен апел до сопствениците и организаторите строго да ги почитуваат безбедносните правила и противпожарните прописи.

Од ДЗС предупредуваат дека непочитувањето на основните мерки може директно да го загрози животот и здравјето на посетителите, но и на вработените, особено во услови на зголемена посетеност и употреба на украсни и електрични инсталации.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, нагласува дека безбедноста мора да биде приоритет, без разлика на профитот или бројот на гости.

– Ниту една прослава, ниту една забава не вреди повеќе од човечкиот живот. Апелираме до сопствениците и организаторите строго да го почитуваат дозволениот број посетители, да обезбедат исправна противпожарна опрема и слободни излези за евакуација – изјави Ангелов.

Според него, посебно загрижува практиката на блокирани или заклучени излезни врати, како и користењето пиротехника во затворени простории.

– Излезите мора да бидат отклучени и постојано проодни. Забрането е користење пиротехнички средства и отворен пламен во затворени простории, бидејќи токму ваквите пропусти најчесто доведуваат до трагични последици – предупредува директорот на ДЗС.

Од институцијата потсетуваат дека секој објект мора да располага со исправна и редовно одржувана противпожарна опрема, а персоналот да биде обучен и подготвен да реагира во случај на пожар или друга итна состојба.

– Почитувањето на овие мерки не е само законска обврска, туку и морална одговорност кон гостите и вработените. Нашата цел е новогодишните прослави да поминат во весела, но пред сè безбедна атмосфера – додава Ангелов.

Од ДЗС се заблагодаруваат и на медиумите за нивната улога во подигањето на јавната свест за превенција од пожари и други опасности, нагласувајќи дека само со заедничка одговорност може да се избегнат несакани инциденти за време на празниците.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ДУИ: Стоилковиќ отпушти седум вработени Албанци, ова е директен удар врз принципите на еднаквост
Следна Статија Мицкоски: Куповната моќ со сегашната минималната плата во Македонија е повисока од сите земји во соседството

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Вечерва почнуваат обилни врнежи, засилен ветер и пад на температурите

Од Управата за хидрометеоролошки работи, соопштуваат дека од денеска попладне и во текот на ноќта под влијание на влажна воздушна…

November 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Православните верници денеска ја одбележуваат Задушница

Во спомен на починатите, православните верници денеска ја одбележуваат Задушница во пресрет на големиот празник кој доаѓа во недела –…

June 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Расправија во ЗОО Скопје: Негувателот им вели на децата да се симнат од оградата, родителот: „Ако де што има врска, да не се внатре?“

Еден од негувателите во скопската Зоолошка градина, Војо Иванов, сподели објава со видео во кое може да се забележи како…

September 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Осудениците ќе добијат електронски алки, Пандов откри како истите ќе функционираат

Директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов најави дека во функција се ставаат електронските алки односно можноста во Македонија…

May 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?