Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Андоновски: Сајбер професионалците ќе земаат 40% повеќе, а институциите ќе мора да се сменат до 2027
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Андоновски: Сајбер професионалците ќе земаат 40% повеќе, а институциите ќе мора да се сменат до 2027
МАКЕДОНИЈА

Андоновски: Сајбер професионалците ќе земаат 40% повеќе, а институциите ќе мора да се сменат до 2027

Објавено May 29, 2025 08:44
Сподели
Сподели

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, е еден од клучните говорници на 11-тата конференција за е-управување, која се одржува во Талин, Естонија. Тој беше гостин во синоќешната емисија „Тема на денот“ на Сител ТВ, каде што покрај неговата улога на оваа конференција, се осврна и на новите закони кои беа усвоени на последната владина седница.

“Изминатиов период мислам дека ни се случуваат многу сериозни историски моменти во поглед на дигитализацијата. Законот за електронски комуникации ја дава сеопфатната рамка за функционирање на телекомуникациите. Ние со овој нов закон се усогласуваме целосно со два клучни европски документи – код директивата и гигабит регулативата, што значи дека ќе бидеме усогласени со најновите политики кои ги има ЕУ и тоа е многу значајно затоа што ќе ги поттикне инвестициите во новите технологии.” изјави Андоновски, и дополни дека во изработката на овој закон испочитувано е и мислењето на Уставниот суд.

За мене е многу значајно што ја почитуваме и домашната регулатива, имено, имаше едно мислење на Уставен суд кој што тргна во процес на поништување и укинување на определени одредби од Законот за електронски комуникации, но со овој нов закон ги регулираме и овие прашања, и мислам дека веднаш штом помине во Собрание ќе добиеме еден многу квалитетен закон.” рече министерот

Во однос на Законот за безбедност на мрежи и информациски системи, Андоновски истакна дека е исклучително важен, затоа што за прв пат државата добива закон за Сајбер безбедност, иако истиот требало да го има многу порано.

Ова е усогласување со НИС 2 директивата, што значи дека одиме на најновите можни трендови кои што ги следи Европската Унија, тоа не значи дека ќе бараме веднаш сите институции и компании да се усогласат, но имаме многу прецизни рокови во законот кои што до 2027 година ќе треба целосно да го усогласат однесувањето на институциите. Формиран е сектор за сајбер безбедност во рамки на Министерството за дигитална трансформација кој треба да претставува точка за пријавување инциденти на владино ниво. Во законот за прв пат се препознаваат и сајбер професионалци, за нив е предвиден додаток на плата од 40% целта е да ги мотивираме да останат во јавната администрација и да може да сметаме на нив во справуањето со инциденти, затоа што не може да размислуваме на дигитализација без сајбер безбедност.” заврши Андоновски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Денес се прославува Вознесение Христово – Спасовден
Следна Статија Куновска: Постои притисок од граѓаните да се кандидирам за градоначалник на Центар

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Црвен крст: Првата исплата ќе изнесува по 2.400 евра на 240 семејства

По 150 000 денари како првична финансиска помош ќе бидат префрлени за секое семејство на настраданите во пожарот во Кочани.…

March 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Роберт Скот: НДИ соработува со владата и општините преку програмата за градење отпорност кон корупцијата

На панел дискусија насловена „Меѓународна соработка за развиени општини“ во рамките на настанот Саем-Отчет учествуваше и вишиот директор на НДИ…

August 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Камбовски: Единствено место за разрешување членови е во Судскиот совет

Факт е дека имаше проблеми во Судскиот совет, тоа можеше да го види целата јавност. Но, сепак мислам дека работите…

January 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мисајловски: Оддаваме почит на нашите загинати припадници, да го зачуваме споменот и да не го заборавиме нивното херојско дело

Денеска заедно со началникот на Генералштабот на Армијата, генералот Лафчиски положивме венец со свежо цвеќе на спомен-обележјето во Катлановско Блаце…

January 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?