Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Андоновски: Стапуваат на сила измените на Законот за електронски комуникации, во првиот бран ќе бидат забранети над 160 веб страници за нелегално коцкање
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Андоновски: Стапуваат на сила измените на Законот за електронски комуникации, во првиот бран ќе бидат забранети над 160 веб страници за нелегално коцкање
МАКЕДОНИЈА

Андоновски: Стапуваат на сила измените на Законот за електронски комуникации, во првиот бран ќе бидат забранети над 160 веб страници за нелегално коцкање

Објавено March 15, 2025 13:53
Сподели
Сподели

Измените на Законот за електронски комуникации поминаа изминатата недела, потребни се седум дена да стапат на сила и да се објават во Службен весник, а веднаш потоа, Министерството за дигитална трансформација е подготвено да ја донесе методологијата со којашто ќе се забранат нелегалните онлјан приредувачи на среќа, најави денеска од Штип, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски кој денеска присуствуваше на отварање на Центарот за за услуги „Една точка за услуги“. Стефановски појасни дека  постапката ќе биде по анализа на Државната лотарија, кои се оние нелегални приредувачи на игри на среќа и на министерството испраќаат нотификација, со табела на точна веб страница, којашто треба да се забрани.

-Ние, таа ја ажурираме, ја испраќаме како налог за забрана до Агенцијата за електронски комуникации, којашто ја забранува преку телеком операторите. Што значи дека од испраќањето имаат рок од три до пет дена да постапи Агенцијата за електронски комуникации и телекомите и тие веб страници ќе бидат забранети, какошто кажав и при носењето на законот оваа трка ќе биде постојана нема само еднаш да го правиме тоа, од прилика мислам дека темпото ќе биде две до три недели на почеток, што значи на две-три недели Државна лотарија ќе не известува за нови веб страници, коишто се појавувале, а ние со налог ќе ги забрануваме, се до финално завршување на процесот и да ги одвратиме граѓаните да се учесници во нелегално приредување на игри на среќа онлајн, изјави Стефановски.

Министерот за дигитална трансформација, Стефановски смета  дека на тој начин ќе ги заштитат граѓаните од злоупотреба на нивните лични податоци, картички, сметки во банките, но какошто рече  „и ќе го заштитиме буџетот од излевање на средства, коишто би требало да се слеат, како даночна обврска кон буџетот на Македонија“.

Пред да се донесат законските измени за електронски комуникации, во кои е опфатено нелегалното електронско коцкање, направени се анализи. Според министерството за дигитална трансформација во тој период биле детектирани 160 веб страници на коишто нелегално се приредувале игри на среќа.

-Што значи во првиот бран ќе бидат повеќе од 160, но мислам дека и во секој нареден бран, како ќе забележува Државната лотарија и други заинтересирани странки забележуваат дека постојат нелегални приредувачи на игри на среќа онлајн во Македонија, тие можат да не информираат и ние веднаш ќе постапуваме, изјави Стефановски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Јаневска: Студентскиот оброк ќе остане 140 денари, ќе се прошири опсегот и ќе опфати повеќе студенти
Следна Статија Ќе инвестираме насекаде, порача Мицкоски од почетокот на реконструкцијата  на локалниот пат кон селото Црвена Вода во Општина Студеничани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Почнува најголемата воена вежба во земјава „Брз одговор 2025“

Од денеска државава ќе биде домаќин на воената вежба „Брз одговор 2025“ ккао дел од големата мултинационална вежба DEFENDER 2025…

May 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Скопје утрово е најзагаден град во Европа

Скопје утрово е најзагаден град во Европа, покажуваат податоците на специјализираната страница за мерење на квалитетот на воздухот „IQAir“. Индексот…

December 20, 2024
МАКЕДОНИЈА

Одбележување 122 години од смртта на Гоце Делчев

Во земјава денеска се одбележуваат 122 години од смртта на македонскиот револуционер и борец за слобода Гоце Делчев. По тој…

May 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Патот Охрид-Свети Наум повторно прооден за сообраќај

Сообраќајот на регионалниот пат Р1301 Охрид – Свети Наум е целосно нормализиран од 10:50 часот, откако беше расчистен одронот на…

December 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?