Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Андреа Серафимовски: Државата треба да ги поддржува домашните градежни компании
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Андреа Серафимовски: Државата треба да ги поддржува домашните градежни компании
ЕКОНОМИЈА

Андреа Серафимовски: Државата треба да ги поддржува домашните градежни компании

Објавено October 23, 2025 17:36
Сподели
Сподели

Во најновото издание на поткастот „Бизнис-клуб“ со Бранко Азески гостин е Андреа Серафимовски, член на Управниот одбор на ГД „Гранит“ АД Скопје и претседател на Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите при Стопанската комора. Своето професионално искуство го гради во градежниот сектор, со директно учество во изградбата на голем број значајни објекти во земјава и во странство. Тема на дискусијата во поткастот се состојбите и предизвиците во градежниот сектор во нашата држава и во регионот.

Професионалната кариера Серафимовски ја започнал како градежен инженер во оперативата на ГД „Гранит“ АД Скопје, компанија со 75-годишна традиција, која зад себе има голем број капитални објекти создадени низ децениите, преку кои се здобил со практичното искуство во областа на градежништвото, учествувајќи во изградбата на повеќе објекти од високоградбата и од нискоградбата.

За компанијата тој вели: „Во минатото ’Гранит’ АД беше дел од големата четворка на светски градежни компании, перпознатлива по своите градби низ светот. Денес, и покрај промените во регионот и пошироко, останува меѓу четирите признати компании во регионот“.

„’Гранит’ значи систем поставен на здрави темели. Кога доаѓате да работите во ГД ’Гранит’, на почетокот не придонесувате, туку учите од системот сè што ви е потребно. Компанијата нуди можности за професионален раст и развој, а секоја алка што е поставена во компанијата има своја вредност која придонесува во создавањето зголемена вредност“, додава Серфимовски.

Поради неговата посветеност и неговите резултати, во 2011 година е назначен за директор на новоформираната организациска единица Високоградба, а во 2015 година ја презема функцијата директор на новиот сектор Оператива, кој управува со изградбата на автопатишта, аеродроми и други објекти од нискоградбата, како и со услужните дејности – механизација, каменоломи, бетонски и асфалтни бази.

Говорејќи за можностите за напредување на компанијата, Серафимоски потенцираше: „Во ’Гранит’ секој може да напредува затоа што за компанијата најважни се знаењето и стручноста. Во 2013 година тогашниот директор на компанијата Страшо Милковски, човек со визија, ја смени целата генерација во компанијата и вработи млад кадар од инженери. Денес тие се успешни проектни менаџери и директори во компанијата. Компанијата користи кадар и од странство, кој придонесува со својата стручност и со кој разменуваме искуства и знаења.“

Во поткастот Серафимовски се осврна и на општата состојба во градежниот сектор истакнувајќи дека градежништвото е една од трите најголеми стопански гранки во земјава, со околу 50.000 вработени, но смета дека потенцијалот не е доволно искористен. Според него, градежништвото може да биде мотор на економијата, со потенцијал да стане наш најголем извозник и на работна сила и на прилив на странски капитал.

Серафимовски додаде дека македонското градежништво има потенцијал за развој, само што се потребни долгорочна стратегија и краткорочни мерки за да се искористи потенцијалот кој може да овозможи создавање додадена вредност на економијата, и во земјата и на странскиот пазар.

„Зад секоја голема градежна компанија во другите држави стојат државните институции. Без поддршка од државата градежните компании не можат да опстанат бидејќи токму државата ги пропишува тековните инвестиции“, потенцира тој.

Серафимовски ја поздрави соработката со Владата воспоставена преку работното тело на иницијатива на претседателот на Стопанската комора Бранко Азески, кое се состанува еднаш неделно и кое ги поттикнува активностите во градежништвото.

„Во овој период има реално придвижување на работите, а Владата за првпат е поставена како партнер на активностите, а не како оценувач. Сите чинители мора да дејствуваат заедно, без потчинети и надредени страни, за рамноправно да се решаваат предизвиците“, додаде Серафимовски.

Во текот на својата кариера добитник е на повеќе награди и признанија, меѓу кои признание за најдобро остварување од областа на градежното конструкторство за категоријата изведба на конструкции (2015 година) за објектите Државен архив на РМ, Уставен суд на РМ и Археолошки музеј Скопје и за изведбата на кровот и на фасадите на објектот Македонска филхармонија во Скопје (2017 година), за која доби и специјално признание од Министерството за култура, како и признание на 20. Меѓународен симпозиум на Друштвото на градежни конструктори на Македонија (2022 година) за изведбата на мостот на бул. „АСНОМ“ (II фаза) од ул. „Васко Карангелески“ до ул. „Индустриска“, како за особено достигнување во градежното конструкторство.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Најубавите страници од нашата историја сè уште не се напишани
Следна Статија Мицкоски до Касами: Ако се поделиме за етнички теми низ призмата на шовинизам, која би била разликата меѓу него и Али од Зајас, кого сака да го смени

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Укинување или поедноставно вадење зелен картон – препорачува ЦЕФТА

Одлуката дали граѓаните на Македонија во иднина ќе треба да купуваат зелен картон за да влезат во Србија, Албанија и…

November 14, 2024
ЕКОНОМИЈА

Синдикалната минимална кошница за април 68.797 денари

Вредноста на синдикалната минимална кошница за април годинава изнесува 68.797 денари и во однос на мартовската која изнесуваше 67.818 денари…

April 20, 2026
ЕКОНОМИЈА

Геополитичкиот конфликт може да ја чини економијата 14,5 трилиони долари

Хипотетички геополитички конфликт би можел да ја чини светската економија 14,5 трилиони долари во период од пет години, пресмета Lloyd’s…

October 9, 2024
ЕКОНОМИЈА

На 15 септември почна најголемата финансиска криза во модерната економија

На 15 септември 2008 година, светот беше сведок на еден од најдраматичните моменти во историјата на модерната економија – банкротот…

September 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?