Андреј и Сара од ДНК ќе бидат погребани утре во Скопје

- Advertisement -

Андреја Ѓоргиевски и Сара Пројовска  ќе бидат погребани утре во Скопје. 

– Погребот на нашата драга и сакана, непребол, вонреден професор м-р Сара Пројковска ќе биде утре, 20.3.2025, четврток,на гробиштата во Лисиче. Телото ќе биде изложено во црквата Св. Петар и Павле во Лисиче од 12 часот, известија од Факултетот за музичка уметност – Скопје. 

Од семејството на Андреј од ДНК соопштија дека погребот ќе биде утре, во 10 часот во капела Бутел, Скопје.

Андреј го загуби животот во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде ДНК вечерта настапуваше.

Според исказите на очевидци, тој неколку пати излегувал и влегувал повторно во локалот за да помогне да се извлечат и спасат што е можно повеќе млади луѓе кои биле присутни.

Погребите на 59 македонски души кои ги загубија животите во пожарот ќе бидат во четврток, 20 март. На повеќето погреби ќе присуствува и поглаварот на МПЦ, ОА г.г Стефан и повеќе владици од Синодот.

Сподели ја оваа статија