Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Аптеките бараат ослободување од обврската за објавување цени на интернет
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Аптеките бараат ослободување од обврската за објавување цени на интернет
ЕКОНОМИЈА

Аптеките бараат ослободување од обврската за објавување цени на интернет

Објавено April 17, 2025 22:11
Сподели
Сподели

Аптеките да бидат ослободени од објавување цени на интернет, побараа од Здружението на приватни аптеки. Според нив, обврската е несоодветна затоа што не се обични трговци и ќе создаде дополнителен товар за фармацевтите. Барањата ги испратиле до Министерството за економија и кабинетот на премиерот.

„Приоритетната наша улога е давање на здравствена грижа кон пациентите. Со носењето на овој нов правилник едноставно се намалува можноста да ние како здравствени работници се фокусираме на нашата основна здравствена дејност. Сите ние се соочуваме со намален број на фармацевти. На некој начин, квалитетот на услуга ќе се намали токму поради тоа што ќе немаме доволно време за фармацевтите да одвојат за фармацевтската грижа и издавањето на лекови“ – Билјана Божиновска, Здружение на приватни аптеки

Од Владата потврдија дека барањето е пристигнато и ќе биде разгледано.

„Во однос на обврската која произлегува од Законот, како Влада можеме да кажеме дека истата очекуваме да биде почитувана од сите засегнати кои ги опфаќа законот“.

Стопанската комора на трговци на големо и мало, пак, побара дополнителен рок за изработка на веб-страници.

„Значителен дел од малите трговци сѐ уште се во процес на адаптација, од технички, финансиски и кадровски аспект. Станува збор за реална потреба од дополнително време со цел квалитетна и одржлива имплементација“, велат од комората.

Министерот за економија со нив ќе има средба после велигденските празници.

Дурмиши вчера го образложи правилникот. Почнувајќи од утре, сите поголеми маркети, аптеки, бутици, продавници за бела техника, играчки, железари на веб страница мора да ги истакнат сите производи што ги нудат сосе нивните цени. Ќе треба да ги ажурираат секој работен ден до 10 наутро, а во случај на попуст, мора да биде означена и редовната цена, процентот на намалување, како и времетраењето на акцијата. Објавите на социјалните мрежи нема да се важат. Ослободени се само трговците кои имаат до 10 вработени.

Ова следи откако во февруари пратениците го изменија законот за потрошувачи и им дадоа рок од 45 дена на трговците за да се прилагодат. Тој што нема да го почитува законот ќе добие казна и до 10 илјади евра.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тошковски: Евалуација на функционирањето на One Stop Shop системот, следна фаза е имплементација на граничниот премин Јажинце
Следна Статија Се роди женско бебе пони во ЗОО Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Кинескиот трговски вишок од 1,2 трилиони долари тивко продира во глобалните пазари

Рекордниот трговски вишок на Кина се шири низ светот, при што приходите од извозот што порано завршуваа во државните каси…

January 17, 2026
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: И во 2025-та очекувам висока бројка на странски директни инвестиции

-2024 година ја завршивме со рекордно историско ниво на странски инвестиции од 1 милијарда и 255 милиони евра со што…

March 5, 2025
ЕКОНОМИЈА

Ова се новите зголемени цени на горивата

Од 5.5.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 85,00…

May 5, 2026
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Преговараме со 15 нови странски инвестиции, едната е во вредност од 360 милиони евра и 500 нови работни места

„Оваа година 2024 година беше година на стабилизација, односно слободното паѓање кое што ни се случуваше престана и полека почнавме…

December 26, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?