Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тошковски: Евалуација на функционирањето на One Stop Shop системот, следна фаза е имплементација на граничниот премин Јажинце
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Тошковски: Евалуација на функционирањето на One Stop Shop системот, следна фаза е имплементација на граничниот премин Јажинце
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Евалуација на функционирањето на One Stop Shop системот, следна фаза е имплементација на граничниот премин Јажинце

Објавено April 17, 2025 19:15
Сподели
Сподели

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес беше во работна посета на Приштина на покана на неговиот косовски колега, министерот Џелал Свечла.

-Средбата беше за евалуација на имплементацијата на One Stop Shop системот кој официјално беше пуштен минатата недела на граничниот премин „Блаце-Елез Хан“ како и за усогласување на идните чекори за дополнително зајакнување на прекуграничното поврзување. Следната фаза на оваа соработка е имплементација на системот и на граничниот премин „Јажинце-Глобочица“ кој треба да се реализира во следниот период. One Stop Shop системот за патниците значи една проверка наместо две, пократко чекање и подобро искуство, а за службите – поефикасна работа, подобра координација и посилна борба против незаконски активности а за нашите две држави тоа е ново поглавје на поврзаност со побрз транспорт, повеќе трговија, туризам и пријателство, потенцираше министерот Тошковски.

На средбата се разгледа и тековната соработка на двете министерства и полиции и можноста за нејзино унапредување во делот на размената на информации и борба со криминалот кој не познава граници.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ФОТО) Бастијан ја остави Ана за новинарка
Следна Статија Аптеките бараат ослободување од обврската за објавување цени на интернет

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Владата оддаде почит за жртвите од Сребреница: Овој геноцид останува траен потсетник на обврската за зачувување на мирот

На денешен ден, 30 години по трагедијата во Сребреница, оддаваме почит на сите невини жртви и изразуваме солидарност со нивните…

July 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Од 58 земји, македонските ученици се на 47. место по знаење за природни науки, а на 44. по математика

Во математичка писменост од 58 држави, нашите ученици се на 44 место. Во природни науки сме три места подолу, односно…

December 4, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски се потпиша во Книгата на жалост: Секој изгубен живот остава трага во општеството

Премиерот Христијан Мицкоски се потпиша во Книгата на жалост во Амбасадата на Република Србија во Скопје, изразувајќи сочувство до семејствата…

November 4, 2024
МАКЕДОНИЈА

Семејството на премиерот Мицкоски на литургија за Божик во Соборниот храм во Скопје

Премиерот Христијан Мицкоски заедно со семејството денеска, по повод празникот Христовото раѓање – Божиќ, присуствуваше на литургија во Соборниот храм…

January 7, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?