Уругвај и Аргентина одиграа натпревар на кој беше постигнат само еден гол каде актуелниот светски шампион со 1-0 го доби дербито на оваа коло од квалификациите за пласман на СП 2026 година.
Аргентина во овој меч играше без Лионел Меси и Лаутаро кои се повредени, но и покрај тоа дојдоа до победа.
Единствениот погодок на мечот се случи во 68. минута кога Алмада реализираше за водство од 1-0 што значеше и победа за Аргентинците.
Во следното коло од квалификациите за СП, Аргентина го пречекува Бразил на Монументал.