Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Аргентинците излегуваат на избори, Трамп порача: Ако не победи Милеј, нема ни долар помош
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Аргентинците излегуваат на избори, Трамп порача: Ако не победи Милеј, нема ни долар помош
СВЕТ

Аргентинците излегуваат на избори, Трамп порача: Ако не победи Милеј, нема ни долар помош

Објавено October 25, 2025 09:22
Сподели
Сподели

Аргентина, втората најголема држава во Јужна Америка, утре ќе одржи избори на кои се избира половина од пратениците во долниот и третина од сенаторите во горниот дом на Конгресот. Изборите се сметаат за тест на поддршката на претседателот Хавиер Милеј, но и како референдум за американската финансиска помош.

Американскиот претседател Доналд Трамп јасно порача дека ако победи Милеј, ќе продолжи американската поддршка и нов заем од 20 милијарди долари за стабилизирање на валутата, а ако загуби – помош нема да има.

„Нема да си го трошиме времето ако Милеј не победи“, изјави Трамп при средбата со аргентинскиот лидер во Белата куќа.

Опозицијата во Аргентина го обвини Милеј за предавство, а Трамп за уцена и колонијализам. „Ројтерс“ јави дека ваквите изјави го зголемиле незадоволството во земјата и поттикнале критики за „американско мешање во изборите“.

Според „Би-Би-Си“ и „Гардијан“, Трамп ја води политиката на поддршка само за сојузниците, но предупредуваат дека таквиот пристап може да предизвика нестабилност ако опозицијата победи и се сврти кон Кина или ЕУ.

Милеј влезе во политиката како радикален реформатор и по преземањето на власта спроведе длабоки економски резови – ги намали државните трошоци за околу 30%, укина голем број министерства и субвенции и отпушти многу јавни службеници. Тој го нарекува својот пристап „моторна пила“ за остри реформи.

Иако рејтингот на државата порасна, економијата влезе во рецесија, а сиромаштијата се зголеми. Реалните плати во јавниот сектор паднаа за 15 отсто, а од почетокот на неговиот мандат се одржаа три генерални штрајка.

Анкетите му даваат на Милеј околу 50 проценти поддршка, но општеството е силно поделено – богатите и младите ги поддржуваат реформите, а работничката класа ги смета за прегруби.

На изборите ќе се гласа за 127 пратеници и 24 сенатори. Анкетите предвидуваат дека партијата на Милеј, може да освои најмногу гласови, но ќе мора да бара коалиција за продолжување на реформите.

Според американските најави, ветените 20 милијарди долари би се користеле за стабилизирање на аргентинскиот песо преку доларска поддршка на централната банка.

Во Аргентина има околу 36 милиони регистрирани гласачи, а гласањето е задолжително за сите од 18 до 70 години.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ѓорѓиевски: Ќе ја обединам цела механизација на градот, за 72 часа Скопје ќе биде исчистен
Следна Статија Лабудовиќ обвини за брутална бетонизација: Дали Герасимовски ставил потпис на 80 нови дозволи за градба во Центар?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Според листата на Трамп: 341 лице треба да бидат депортирани во Македонија

Администрацијата на Доналд Трамп планира да депортира 341 лице во Македонија. Се појави листата на луѓе кои треба да бидат…

January 31, 2025
СВЕТ

Во Газа има над 200.000 убиени и ранети, тврди поранешен израелски командант

Поранешниот началник на Генералштабот на израелската армија, Херци Халеви, изјави дека во војната во Појасот Газа се убиени или ранети…

September 13, 2025
СВЕТ

Почна средбата Трамп – Зеленски: „Има основа за договор, премногу луѓе загинаа“

На Флорида започна средбата меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и американскиот претседател Доналд Трамп, јавуваат регионалните и меѓународните медиуми. Средбата…

December 28, 2025

Политичка реторика во фокус: Предизвици и дијалог за имиграцијата

Анализа на политичкото говорење и неговото влијание врз јавниот дискурс за имиграцијата

December 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?