Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Аудито“ на Мерко се продава за 10.000 евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > „Аудито“ на Мерко се продава за 10.000 евра
МАКЕДОНИЈА

„Аудито“ на Мерко се продава за 10.000 евра

Објавено February 2, 2026 11:01
Сподели
Сподели

Советот на Општина Струга донесе одлука да го продаде службеното „ауди А6“ набавено во мандатот на поранешниот градоначалник Рамиз Мерко. Возилото, купено за 67.000 евра, ќе се продава на јавно наддавање со почетна цена од 10.000 евра.

– И ние како советничка група и неколку останати советници гласавме за продажба на тоа возило од проста причина што многу добро знаеме во какви околности беше купено тоа возило и во какво време, кога не беа запазени приоритетите на граѓаните. Струга имаше многу посериозни проблеми кои требаше да се решат, а не да се купува едно такво луксузно возило – изјави за Алфа, Коста Хиохи, советник од ВМРО-ДПМНЕ.

Според важечките прописи, на возилото му е пресметувана годишна амортизација од 15 отсто. Неговата моментална проценета вредност изнесува 618.602 денари, односно 10.000 евра.

– Почетната цена на продажбата ќе биде еднаква на проценетата вредност, утврдена од овластен проценител. Крајната продажна цена ќе се утврди преку самата постапка на јавно електронско наддавање – соопштија од Општина Струга.

Возилото, кое шест години се користело како службено, било поправано двапати, во март 2024 и во јануари 2025 година, за што биле потрошени 4.000 евра.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Зошто изборот на Трамп за претседател на Федералниот резерв влијаеше на пазарите на злато и сребро – за добри причини
Следна Статија 10+ Игри доаѓаат на Xbox следната недела (2-6 февруари)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Бендевска: Провокација од бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ за денот на ослободувањето на Битола

Избришан од Централен регистер на Македонија, бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ со седиште во Битола приреди провокација во пресрет на денот…

November 5, 2024
МАКЕДОНИЈА

Студентскиот дом Пелагонија има долг над пола милион евра

Студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје има ново раководство и ќе биде доведен во ред, изјави министерката за образование и наука…

November 29, 2024
МАКЕДОНИЈА

Бајрами ангажираше адвокат, полномошното го добил преку роднина

Поранешниот директор на Државната Лотарија, Прпарим Бајрами, за свој застапник пред судот го одбрал адвокатот Антонио Апостолски од Скопје. Вчера…

December 18, 2024
МАКЕДОНИЈА

Студирањето во својата земја е најдобар избор, кажа министерката Јаневска на првиот академски час на УКИМ

Министерката за образование и наука Весна Јаневска, на првиот академски час ја поздрави новата генерација студенти на Универзитетот „Св. Кирил…

October 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?