Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ајро, ајро викаше Заев на цел глас во 2017 и не направи ништо за воздухот: Со кое лице Шукова говори за Вардариште, прашува Манасиевски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Ајро, ајро викаше Заев на цел глас во 2017 и не направи ништо за воздухот: Со кое лице Шукова говори за Вардариште, прашува Манасиевски
ПОЛИТИКА

Ајро, ајро викаше Заев на цел глас во 2017 и не направи ништо за воздухот: Со кое лице Шукова говори за Вардариште, прашува Манасиевски

Објавено September 10, 2025 12:59
Сподели
Сподели

Ајродром, ајро, ајро викаше Зоран Заев на цел глас во 2017 година и ветуваше чист воздух во Аеродром, додека Каја Шукова му беше задолжена за воздухот, рече денеска Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

– СДСМ, Заев и Шукова уште пред 7 години ветуваа почист воздух и почиста животна средина во Аеродром. Поранешната министерка за животна средина и поранешна државна секретарка во истоименото министерство, Каја Шукова, која сега е кандидат за градоначалник од редовите на СДС за Град Скопје, повторно ветува средување на Вардариште и почист воздух за граѓаните. Прашуваме со кое лице Шукова излегува повторно пред граѓаните и говори за Вардариште, кога таа изминативе 7 години беше државен секретар и министерка во Министерството за животна средина, а притоа таму работи над 20 години. Со ова, Шукова е директно виновна за случајот со Вардариште – рече Манасиевски.

Кога Шукова не успеа за над 20 години работа во ресорното министерство, дополнително како државен секретар и министер, да го реши Вардариште, со кое лице повторно излегува пред граѓаните и ветува дека дури сега за 3 месеци ќе го среди овој проблем, праша тој.

Манасиевски потсети и дека во време на СДСМ, локалната и централната власт ги тргнаа чуварските служби од Вардариште и од Дрисла.

– СДСМ со Филипче, Заев и Шукова беа 7 години власт. Што  направија за 7 години власт во делот на животната средина? Ништо. Затоа граѓаните заслужуваат подобра животна средина и почист воздух, која ВМРО-ДПМНЕ и Орце Ѓорѓиевски заедно ќе ја исполнат – рече Манасиевски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: „Македонското најдобро“ е патриотска кампања
Следна Статија Петровска побара декласификација од АНБ: Зошто бил сменет шефот на внатрешната контрола, дали полиграфистот си дал отказ?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Кузеска: 11 дена нема одговор како 5 тони дрога вредни 40 милиони евра поминале границa

Единаесет дена јавноста чека одговор. Единаесет дена власта молчи. Како 5 тони дрога, по некои проценки вредни околу 40 милиони…

February 11, 2026
ПОЛИТИКА

СДСМ: Аларамантно лоша состојба на Онкологија, нема лекови, нема реагенси, нема апарати

Алармантно лоша е состојбата на Клиниката за онкологија, нема терапија, нема реагенси за испитувања, а дел од апаратите за зрачење…

October 2, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски од Росоман: Ќе ме распарчеле и спакувале во куфер, па велат дека не ме мразат туку ме презираат

Во кампањата треба да направиме и еден рекапитулар на се она што е сработено во изминатиот период и да се…

October 14, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ: Во министерството за дигитална трансформација тендери добивал сопругот на државната секретарка

Сопругот на државната секретарка во Министерството за дигитална трансформација, Гордана Клинчарова, добил два тендери во истото министерство во вредност од…

March 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?