Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Бараме поголеми плати – порачаа работниците на протестот на ССМ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Бараме поголеми плати – порачаа работниците на протестот на ССМ
ЕКОНОМИЈА

Бараме поголеми плати – порачаа работниците на протестот на ССМ

Објавено January 28, 2026 20:07
Сподели
Сподели

Попладнево пред Работничкиот дом во Скопје почна протестот во организација на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) на кој работниците го изразуваат своето незадоволство од висината на платите.

Тие испратија барање за минимална плата од 600 евра и зголемување на сите други плати за сто евра.

На протестот може да се забележи присуство на голем број работници, а има и припадници на полицијата.

За време на движењето низ скопските улици, учесниците на протестот постојано извикуваа: „Лопови, лопови“.

Протестот потоа продолжи пред Собранието, од каде што претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов најави дека ќе поднесат закон за намалување на платите на функционерите, а за зголемување на тие на работниците.

„Ако не се зголеми минималната плата, доаѓаме по вашите плати“,

порача тој.
Посочи и дека функционерските плати се од даноците што ги плаќаат работниците.

Се очекува протестот да продолжи пред Владата, од каде што работниците ќе ги повторат своите барања.

Протестот наиде на поддршка од опозицискиот Социјалдемократски сојуз (СДСМ) и Левица. Премиерот Христијан Мицкоски посочи дека овој протест има политичка заднина.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Филипче: Подготвени сме за избори во кое било време
Следна Статија Петмина кандидати за државен јавен обвинител, кандидатурите испратени во Влада

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мито од 1.000 до 10.000 евра им биле барани на компаниите за разни услуги од власта, покажа анкета на Стопанската комора

Од 1.000 до 10.000 евра, им биле барани на приватните компании за одредени дозволи, инспекциски надзори, царински, а кај јавните…

October 31, 2024
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски категоричен: Едно е сигурно, платите на функционерите нема да се зголемат

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски вели дека „едно е сигурно“, а тоа е дека функционерските плати нема да се зголемат.…

October 29, 2024
ЕКОНОМИЈА

Поскапуваат горивата

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за 1,5 денари за литар, цената на дизелот се зголемува за еден денар, а…

June 23, 2025
ЕКОНОМИЈА

Јаболка годинава ќе јадеме од увоз – студениот бран ги покоси насадите во Преспа

Преспанскоиот регион не памети вакво оштетување од толку големи размери. Снегот и студениот бран кој ја зафати Преспа целосно го…

April 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?