Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Безбеден град“ стартува од 1 февруари, пратениците го изгласаа законот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > „Безбеден град“ стартува од 1 февруари, пратениците го изгласаа законот
МАКЕДОНИЈА

„Безбеден град“ стартува од 1 февруари, пратениците го изгласаа законот

Објавено January 23, 2026 14:56
Сподели
Сподели

Собранието денеска со 81 глас „за“ и 19 „против“ и воздржани го изгласа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за прекршоците, по скратена постапка. Со ова, се отвора патот за старт на системот за автоматско снимање и санкционирање на сообраќајни прекршоци „Безбеден град“ од 1 февруари. По барање на координаторката на „Европски фронт“, Рина Ајдари, гласањето беше номинално, односно секој пратеник гласаше поединечно.

За Законот беше потребно гласање од двотретинско мнозинство.

Законот предвидува зајакнување на безбедноста во сообраќајот преку воведување посебна постапка за прекршоци утврдени со помош на технички средства и уреди за снимање. Брзото и ефикасно санкционирање на прекршителите и изрекување санкции, се очекува да влијае на генерална превенција во областа на безбедноста на сообраќајот.

Со овој Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за прекршоците се предвидува можност за примена на новите технологии (систем за детектирање преку технички средства и уреди за снимање), кои може да бидат добра алатка за брзо и ефикасно детектирање на сообраќајните прекршоци и спроведување на процесот на нивно санкционирање.

Во првата фаза системот ќе регистрира прекршоци како: брзо возење, минување на црвено светло, истечена важност на сообраќајна дозвола и непрописно паркирање. Во следната фаза е предвидено проширување на спектарот на прекршоци.

Кога системот ќе биде целосно пуштен во употреба, сопствениците на возилата за кои е утврден прекршок ќе добиваат СМС-порака и е-пошта со линк за преземање записник со платен налог. Прекршоците ќе може да се платат електронски, а при навремено плаќање нема да се наплаќаат дополнителни трошоци. За одредени прекршоци за кои е пропишана и мерка забрана за управување со возило, МВР ќе поднесува барање за поведување постапка до надлежен суд.

Во рамките на 76. седница, Собранието го разгледува и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди во прво читање.

Собранието денеска ќе одржи и продолженија на две пленарни седници. Во рамките на 81. седница преостанати се Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за внатрешните работи и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за полицијата, и двата по скратена постапка.

На дневен ред на 20. седница е Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за посебен регистар за лицата осудени со правосилна пресуда за кривични дела за сексуална злоупотреба на малолетни лица и педофилија во прво читање.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Federal officials launch ICE operation in Maine and begin arrests – The Washington Post
Следна Статија Делоит врши реорганизација на работните места во САД – еве зошто

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Крис Павловски за Мицкоски: Еден од најдобрите лидери во Европа

Крис Павловски, основач и сопственик на платформата „Rumble“ и еден од блиските поддржувачи на претседателот на САД Доналд Трамп и…

February 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова на отворањето на „Охридско лето“: Во фестивалот се вткаени цели епохи на музичката, драмската и ликовната уметност

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вчеравечер го отвори годинешното 65. издание на фестивалот „Охридско лето“. Во своето обраќање, таа ја истакна вредноста…

July 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Доделени стипендиите „Борис Трајковски“ за постдипломски студии на Европскиот кампус на Универзитетот Јорк во Солун

Претседателката на Македонија, проф. д-р Гордана Сиљановска Давкова, министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска и директорот на…

November 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

ДИК: Одобрени акредитации за 591 странски и 658 домашни набљудувачи

Државната изборна комисија (ДИК) досега одобрила барања за акредитации за 591 странски и 658 домашни набљудувачи за локалните избори закажани…

October 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?