Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Бендевска: Црвениот аларм е вклучен – потребни се итни мерки против семејното насилство
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Бендевска: Црвениот аларм е вклучен – потребни се итни мерки против семејното насилство
МАКЕДОНИЈА

Бендевска: Црвениот аларм е вклучен – потребни се итни мерки против семејното насилство

Објавено March 8, 2026 16:47
Сподели
Сподели

По повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март, Движењето ЗНАМ за Наша Македонија организираше панел-дискусија под наслов „Жените ЗНААТ: Еднакви можности, силни жени, силно општество“, на која учествуваа пратенички, советнички, директорки и други носителки на јавни функции од редовите на движењето.

Настанот не беше симболична прослава, туку платформа за сериозна и содржинска дискусија за улогата на жените во креирањето политики, нивното активно учество во политичките процеси и нивниот придонес во носењето одлуки на централно и локално ниво.

Во рамки на настанот се одржа панел-дискусија на тема „Улогата на жените во градењето на модерно и праведно општество“, при што беше истакнато дека вистинското одбележување на 8 Март денес подразбира отворање на суштински прашања и конкретни политики кои ќе обезбедат поголема заштита, еднаквост и можности за жените.

Потпретседателката на Движењето ЗНАМ, Весна Бендевска, во своето обраќање посочи дека годинешното одбележување на 8 Март се случува во време кога сериозно се зголемуваат случаите на семејно насилство, при што во последните два месеци се регистрирани четири случаи на фемицид.

„Во сериозни времиња, за сериозни проблеми, неопходен е сериозен пристап. Движењето ЗНАМ нема да остане нем набљудувач на речиси
секојдневните случаи на семејно насилство. Црвениот аларм е веќе вклучен и потребни се итни мерки и конкретни решенија“ – истакна Бендевска.

Како партија која е дел од власта, Движењето ЗНАМ ќе предложи отворање јавна дебата за реорганизација на институционалниот систем со цел доследно спроведување на обврските што државата ги има преземено со ратификацијата на Истанбулската конвенција. Целта е воспоставување поефикасен систем за превенција, спречување и заштита од семејно насилство, со јасно дефинирани надлежности, конкретни проекти и прецизни рокови.

Дополнително, Движењето ЗНАМ предлага основање државни регионални центри за згрижување на жртви на семејно насилство, кои ќе располагаат со соодветни материјални, кадровски и финансиски ресурси. Со ваков модел би се надминал постојниот недостиг на сместувачки капацитети – шелтер центри, што во моментов претставува една од главните слабости на системот за заштита на жртвите.

Во таа насока, пратеничката група на Движењето ЗНАМ веќе утре ќе иницира одржување јавна расправа во Комисијата за социјална политика, демографија и млади, со учество на експертската јавност и граѓанскиот сектор. Целта е да се утврди дали се потребни итни измени и дополнувања на законите што го уредуваат системот за заштита од родово-базирано и семејно насилство, особено на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство.

На крајот од настанот, од Движењето ЗНАМ го честитаа 8 Март на сите жени, нагласувајќи дека нивната програмска определба останува цврста – градење модерно и праведно општество во кое правата, достоинството и безбедноста на секоја жена се гарантирани и неприкосновени.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија James Talarico will win Democratic primary in Texas Senate race, CNN projects – CNN
Следна Статија macOS Will Alert You to MacBook Neo’s USB-C Port Limitation – MacRumors

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Таравари: Вкупниот број на хоспитализирани е 117, a 13 се испратени на лекување во странство

Министерот за здравство, Арбен Таравари, соопшти дека сите пациенти повредени во трагедијата се згрижени и се во стабилна, релативно добра…

March 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

ДКСК отвори постапка за злоупотреба на автобуси за изборна промоција

Државна комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) соопшти дека отвора постапка за утврдување на факти и постапување по сомневања за…

February 17, 2026
МАКЕДОНИЈА

Николоски за реконструкцијата на ГОБ „8 Септември“: Граѓаните ќе добијат најмодерна болница, а лекарите современи услови за работа

-Гледаме голем прогрес во реконструкцијата на ГОБ „8 Септември“, ова е проект кој што го работиме во рамките на концесијата…

September 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Писмо до Вартоломеј: Македонците во Грција бараат црковна служба на македонски јазик

Да има црква во Грција во која богослужбите ќе се изведуваат на македонски јазик, барање е кое Македонците од Грција…

May 11, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?