Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Билал Касами: Ќе бидам градоначалник на сите граѓани
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Билал Касами: Ќе бидам градоначалник на сите граѓани
ПОЛИТИКА

Билал Касами: Ќе бидам градоначалник на сите граѓани

Објавено October 24, 2025 19:28
Сподели
Сподели

Дел од лидерите и раководни структури на партиите кои ја сочинуваат коалицијата „Вреди“ денеска на градскиот плоштад во Тетово имаа средба со активистите и граѓани со цел симболично да означат продолжување на кампањата во пресрет на вториот круг од локалните избори. По настанот пред новинарите зборуваше само претседателот на Движење Беса и кандидат за градоначалник на Тетово, Биљал Касами.

-Ние докажавме дека имавме најдобар избор за нашите граѓани затоа што нашите кандидати ја добија поддршката на гласачите, исто така и програмата која ние ја подготвивме за секоја општина одделно. Испадна дека е најприфатлива најреална за решавање на проблемите на нашите сограѓани. Исто така во вториот круг ќе продолжиме уште посилно за да пристапиме до секој гласач и да докажеме дека победата и во вториот круг ќе биде уште поубедлива и да докажеме дека народот ќе оцени, кој од кандидатите ќе биде најдобар за решавање на нивните проблеми и која програма е најдобра за нив, а не за теми кои не се реални во конкретниот случај за изборите кои се на локално ниво, рече Касами.

На новинарско прашање да го коментира ставот на претседателот на ВМРО – ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски кој рече дека не треба да има поделба по етнички прашање за локални избори, Касами без конкретен одговор.

-Во Тетово ме знаат дека јас како градоначалник и во минатиот мандат бев градоначалник на сите граѓани, без разлика на политичката, етничката и верската припадност. Граѓаните знаат дека јас сум реализирал проекти, големи проекти, тоа и во села каде што имаат добиено моите политички конкуренти. Исто така сум реализирал проекти и во средини во општина Тетово кои се мнозинско од македонци, ромските, од турска заедница… За мене важни се граѓаните и во следниот период ќе работам за сите граѓани во општина Тетово, ќе бидам градоначалник на сите, без разлика на политичката, етничката и верската припадност, рече Касами.

За тоа дали коалицијата „Вреди“ ќе го поддржи кандидатот на ДУИ во Кичево, Касами вели дека се фокусирал на Тетово.

-Во овој период јас сум фокусиран на поддршката која треба да ја добијам од моите граѓани во Тетово, затоа што сега целиот ангажман ќе биде во тој правец. За другите теми има став дадено од коалицијата, рече Касами.

Друштво на Касами, му правеше и Хазби Лика кој беше градоначалник на Тетово 2005 до 2009 како кандидат на ДУИ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Вреди: На Али Ахмети му беа потребни пет дена за да го разбере одговорот на „референдумот”
Следна Статија Камчев од Валандово: Преговарем со двајца инвеститори за реактивирање на стопански објект

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Заседава Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, се очекува Мицкоски да објави нови кандидати за градоначалници

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во седиштето на партијата во Скопје почна седница на која се очекува да бидат утврдени нови…

July 6, 2025
ПОЛИТИКА

Трајчулески: ДУИ и Груевски се обидуваат да предизвикаат политичка криза пред локалните избори

Митко Трајчулески, пратеникот од СДСМ, во гостувањето на Само Вистина на Канал 5 изјави дека ДУИ е свесен дека ќе…

March 12, 2025
ПОЛИТИКА

ТЕПАЧКА на состанокот на ДУИ во Чаир?

Пресметка меѓу две групи избила вечерва во Чаир, за време на изборниот состанок на Демократската унија за интеграција (ДУИ) во…

September 2, 2025
ПОЛИТИКА

Сите изјави на Захариева против Македонија и Македонците кои власта на СДСМ и ДУИ ги премолче

Екатерина Захариева, поранешната министерка за надворешни работи на Бугарија е нов  комесар на ЕУ за  за истражување и иновации. За Македонија…

October 22, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?