Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Богојески пријавил криптовалути од над милион евра во анкетниот лист, има и сметка во Бугарија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Богојески пријавил криптовалути од над милион евра во анкетниот лист, има и сметка во Бугарија
ПОЛИТИКА

Богојески пријавил криптовалути од над милион евра во анкетниот лист, има и сметка во Бугарија

Објавено May 18, 2025 09:14
Сподели
Сподели

Новоименуваниот директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Петар Богојески, пријавил висока вредност на криптовалути во својот анкетен лист до Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК). Тој поседува 11 биткоини, за кои проценил дека моментално вредат 59.734.070 денари (околу еден милион евра), како и 129 етериуми купени во Србија за 125.000 евра.

Слично како директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов, и Богојески е меѓу функционерите кои пријавиле значајни крипто-влогови. Пандов претходно навел дека поседува 10 биткоини, кои ги проценил на вкупно 600.000 евра, односно околу 60.000 евра по единица.

Покрај криптовалутите, Богојески има и сметка во Бугарија, но нема информации за нејзината состојба. Во 2012 година купил стан со гаража во општина Карпош, со сегашна проценета вредност од 278.000 евра. Годинава во Ракотинци купил земјоделско земјиште вредно околу 26.000 евра. Исто така, минатата година набавил нов SUV модел „Фортинг T5EBO“ за 30.000 евра.

Во делот на деловни удели, тој поседува 61% од компанијата ДТУ „Бегова Корија“ ДОО Скопје, која го стопанисува одморалиштето „Шула Мина“, со вкупна проценета вредност од 550.000 евра. Има и влог од 5.000 евра во компанијата ВФП Фонд Менаџмент.

Богојески пријавил и низа странски финансиски вложувања. Од 2020 година има влог од 50.000 евра во американски валутен фонд и животно осигурување вредно 15.000 евра. Осигурителни полиси имаат и неговата сопруга и деца, додека неговите деца поседуваат акции во банка во основање во САД – иако не се наведуваат точни суми.

Тој има две девизни сметки (во евра и долари), два персонални сефа (еден во евра, друг во денари), како и девизна сметка во банка во Бугарија. Има и девизна готовина – наследена и стекната – во вредност од 120.000 евра.

Во листата е вклучен и златен накит проценет на над 40.000 евра, како и икони со благородни метали вредни околу 20.000 евра.

Платата што ја добива како директор на агенцијата изнесува 87.000 денари месечно.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Поради нискиот транзит и конзум на електрична енергија дојде до испад на 110 киловолтната преносна мрежа,информираа од МЕПСО
Следна Статија ВРЕДИ: Не успеа планот на ДУИ со Таравари да дојде до распад во коалицијата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

СДСМ ги повлече преостанатите 142 амандмани за ребалансот на буџетот, бараат средства за пожарите и Кочани

собраниската Комисија за финансирање и буџет во рамки на расправата по ребалансот на Буџетот информира дека ги повлекуваат преостанатите околу…

July 10, 2025
ПОЛИТИКА

Фрчковски го обвини Пендаровски дека сака да го сруши Филипче

Професорот Љубомир Фрчковски го обвини Стево Пендаровски, поранешен шеф на државата, дека „мешетари внатре во СДСМ“. Фрчкоски ова го кажа…

November 10, 2025
ПОЛИТИКА

Ахмети: Албанците нема да дозволат повторно да бидат „слуги во сопствениот дом“

Лидерот на ДУИ Али Ахмети, синоќа на собир во Арачиново, му се обрати на премиерот Христијан Мицкоски прашувајќи го зошто…

May 17, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ бара владата да ги поништи тендерите за мерење рејтинзи и да ги пренамени парите за Кочани

Власта манифестира нечуствутелност и расипништво во време кога граѓаните врзуваат едвај крај со крај и се во колективна тага, реагира…

March 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?