Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Божиновска: Завршува ерата на неточни броила, опремата за проверка на струјомерите веднаш да биде на располагање на граѓаните
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Божиновска: Завршува ерата на неточни броила, опремата за проверка на струјомерите веднаш да биде на располагање на граѓаните
МАКЕДОНИЈА

Божиновска: Завршува ерата на неточни броила, опремата за проверка на струјомерите веднаш да биде на располагање на граѓаните

Објавено February 23, 2025 13:07
Сподели
Сподели

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска бара, во најкус можен рок Бирото за метрологија да ја стави во функција софистицираната опрема за тестирање и верификација на броилата, која поради неажурност во претходните години останала неискористена и не била ставена во функција.

Како што соопшти Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини станува збор за машина, трофазен систем за мерење на електрична енергија и моќност, која повеќе од седум години, неупотребена, е депонирана во подрумските простории на Бирото.

Со ставањето во употреба на оваа опрема, крајна цел е, освен верификација на мерилата, и да се испитува исправноста на мерилата по жалба на потрошувач, за која Божиновска инсистира да биде спроведувана и заради честите поплаки и барања од граѓаните. Активно работиме на воведување системски решенија кои ќе ја зголемат заштитата на граѓаните и ќе обезбедат поголема транспарентност и контрола врз мерењето на потрошената енергија, наведува Министерството.

Минатата недела Божиновска, при посетата на Бирото за метрологија, изврши обиколка на опремата со цел да се утврди нејзината состојба. Веднаш беа дадени насоки да се почне со сите потребни активности за нејзино итно активирање по што доби уверување од раководството на Бирото дека веднаш ќе се распише потребниот тендер за проверка на функционалноста, инсталација и пуштање во употреба на опремата, како и обука на вработените, по што ќе може да започне со проверки на броилата.

Со оваа мерка, граѓаните ќе добијат можност за независна проверка на исправноста на своите броила, директно во државна институција. Ова ќе овозможи секој сомнеж за неправилно фактурирање да се провери со прецизни и официјални мерења, при што граѓаните ќе добијат јасен и недвосмислен одговор за состојбата на нивниот инструмент. Истовремено, ова ќе претставува дополнителен механизам на контрола врз компаниите кои ги инсталираат и одржуваат броилата, со што ќе се обезбеди поголема правичност во наплатата на потрошената енергија и ќе се намалат можностите за неправилности, подвлекува Министерството.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Џенифер Лопез со провокативен танц „ја запали сцената“ во Абу Даби/ВИДЕО
Следна Статија Мицкоски: По три децении започна реконструкцијата на Домот на култура „11 Октомври“ во Ченто

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Сопругата на Андреј од ДНК: Бараме правда, вистина и фер постапка, не сожалување и сочуство

Сопруга на Андреј од ДНК, Наталија Ѓорѓиеска денеска на протестот „Марш за Ангелите“ порача дека тие не бараат сожалување, ниту…

November 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Имало ли „спонзори“ при операцијата за промена на името?

Дали Преспанскиот договор е чедо на корупцијата, прашува во својата анализа „Нова Македонија“ Клучно е Македонија да се држи до меѓународното…

September 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Битиќи: Дајте им вода за пиење на луѓето во Струмица и Гостивар

Не владее СДСМ туку ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, кои имаат реален проблем, што треба да се реши со водата за пиење…

October 8, 2024
МАКЕДОНИЈА

Пет години членство на Македонија во НАТО

Република Македонија денеска одбележува пет години од зачленувањето во НАТО откако на денешен ден во 2020 година стана 30-та членка…

March 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?