Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Браќата Жота ќе бидат погребани утре во родната Португалија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Браќата Жота ќе бидат погребани утре во родната Португалија
СПОРТ

Браќата Жота ќе бидат погребани утре во родната Португалија

Објавено July 4, 2025 16:13
Сподели
Сподели

Португалскиот фудбалски репрезентативец Диого Жота и неговиот помлад брат Андре Силва ќе бидат погребани в сабота во родниот град Гондомар, во близина на Порто.

Голем број луѓе се собрани пред локалната црква каде утрово почна бдеење пред утрешната погребна церемонија која ќе почне во 10 часот по локално време.

Британските медиуми објавија дека сè уште не е јасно дали семејството ќе се одлучи за приватен или јавен погреб, но се очекува да присуствува и португалскиот претседател Марсело Ребело де Соуза.

Жота (29) и неговиот брат Андре Силва (26) загинаа ноќта меѓу среда и четврток во сообраќајна несреќа во шпанската покраина Замора, кога нивниот автомобил излетал од патот.

Шпанскиот весник „Марка“ објави дека автомобилот се запалил и дека пламенот набрзо се проширил на блиската вегетација.

Според детали од истрагата, Жота, кој настапуваше за Ливерпул и неговиот брат Силва, кој го носеше дресот на португалскиот второлигаш Пенафиел, загинале околу половина час по полноќ, откако на нивниот автомобил се дупнала гума додека се обидувале да престигнат друго возило.

Браќата го почнале патувањето од Порто и планирале со брод да пристигнат во Англија каде Жота требаше да им се приклучи на своите соиграчи во Ливерпул за подготовките за новата сезона.

Шпанските медиуми објавија дека Жота неодамна бил подложен на мала операција и лекарите му советувале да не патува со авион. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Костадинов со јавен повик до струмичани, еве што подготвува
Следна Статија Трамп ќе организира УФЦ борба во Белата куќа за независноста на САД

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Милевски: Група што носи надеж

Фудбалската репрезентација на Македонија ги дозна противниците во квалификациите за пласман на Мундијалот во 2026 година. На патот до Канада,…

December 13, 2024
СПОРТ

Јокиќ залудно постигна 44 поени, Денвер пред елиминација од плејофот (ВИДЕО)

Кошаркарите на Денвер се пред елиминација во НБА плејофот, откако со пресврт загубија од Оклахома на гости со 112-105. Нагетси…

May 14, 2025
СПОРТ

Почина легендарниот Еди Џордан

Легендарниот Еди Џордан, поранешен сопственик на тимот Џордан од Формула 1, почина рано утрово на 76-годишна возраст, јави „Би-би-си“. Ирскиот…

March 20, 2025
СПОРТ

Синер со титула во Индијан Велс

Италијанскиот тенисер Јаник Синер го победи Русинот Данил Медведев синоќа во финалниот натпревар на турнирот Индијан Велс. Во меч што…

March 16, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?