Утрово после 5 часот бројни граѓани реагираа на социјалните медиуми и до медиумите дека речиси два часа останале без електрична енергија.
Според исказите, електрична енергија нема скоро секаде, а безуспешни биле и обидите на контакт центарот каде речиси два часа немало ниту еден слободен оператор.
Подетални информации околу веројатно големиот дефект сеуште немаме, останува да почекаме официјална информација.
Од она што неофицијално стигнува како информација од граѓани е тоа што без електрична енергија бил град Кичево, Прилеп, Битола, Охрид, Штип, додека информација за непланиран прекин во електроснабдување нема истакнато на официјалната страница од електродистрибуција.