Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Бројот на жртви по земјотресот во Авганистан се искачи на над 2.000
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Бројот на жртви по земјотресот во Авганистан се искачи на над 2.000
СВЕТ

Бројот на жртви по земјотресот во Авганистан се искачи на над 2.000

Објавено September 4, 2025 16:17
Сподели
Сподели

Неколку дена по разорниот земјотрес во источен Авганистан, бројот на жртви продолжува да расте, при што властите на талибанците и авганистанската Црвена полумесечина соопштија дека досега загинале околу 2.200 лица, а над 3.600 се повредени.

Акциите за спасување сè уште траат, но многу од погодените области се тешко достапни, што ја отежнува итната помош и извлекувањето на жртвите, соопштуваат хуманитарните организации.

Светската здравствена организација (СЗО) информира дека цели семејства биле затрупани под урнатини. Илјадници куќи се уништени, пренесе ДПА.

– Земјотресот ја влоши и онака тешката хуманитарна состојба во Авганистан, изјави Елке Готшалк, регионална директорка на германската хуманитарна организација Welthungerhilfe. Таа посочи дека земјата страда од постојани суши предизвикани од климатските промени.

– Дополнително, тука се и речиси 2 милиони повратници кои од почетокот на годината беа депортирани од соседните земји Пакистан и Иран, а најчесто остануваат без покрив над глава и средства за егзистенција, додаде Готшалк.

Земјотресот ја погоди областа блиску до границата со Пакистан непосредно пред полноќ во неделата.

Според податоците на Американската геолошка служба (USGS), првиот земјотрес бил со јачина од шест степени и се случил на длабочина од 8 километри. Потоа следеле неколку последователни потреси. Земјотресите биле почувствувани и во пакистанскиот главен град Исламабад.

Денеска во источен Авганистан е регистриран нов земјотрес со интензитет од 4,7 степени, соопшти USGS.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија МОН: Испораката на учебниците завршува деновиве, електронскиот дневник функционира без проблеми
Следна Статија Филипче од Радовиш: Со градоначалните на ВМРО-ДПМНЕ општините се запуштени, граѓаните разочарани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Трамп изјави дека нова група заложници во Газа ќе биде ослободена

Десет заложници во Газа наскоро ќе бидат ослободени, изјави американскиот претседател Доналд Трамп, без да даде дополнителни детали. Трамп ја…

July 19, 2025
СВЕТ

Основачот на модната куќа „Манго“ загина во планинарска несреќа

Основачот на модната куќа Манго Исак Андик (71) загина во несреќа додека планинарел во околината на Барселона, соопштија денеска извори…

December 14, 2024
СВЕТ

Вака наводно изгледа заробен севернокорејски војник на украинскиот фронт

Јужна Кореја потврди дека украинските сили заробиле севернокорејски војник во руската област Курск Разузнавачката служба на Јужна Кореја потврди дека…

December 27, 2024
СВЕТ

Што се случи со Србинката Ана Волш, која исчезна лани во САД?

Србинката Ана Волш исчезна на 1 јануари 2023 година во Америка. Откако ја прослави новогодишната ноќ со пријателите, Брајан Волш…

January 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?