Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Основачот на модната куќа „Манго“ загина во планинарска несреќа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Основачот на модната куќа „Манго“ загина во планинарска несреќа
СВЕТ

Основачот на модната куќа „Манго“ загина во планинарска несреќа

Објавено December 14, 2024 23:15
Сподели
Сподели

Основачот на модната куќа Манго Исак Андик (71) загина во несреќа додека планинарел во околината на Барселона, соопштија денеска извори од компанијата.

Тој се лизнал и паднал во провалија од висина од 150 метри за време на излет во пештерите Колбато во околината на Барселона со сопругата и синот, објави шпанската ТВ мрежа Ртве.

Андик починал на лице место, а на локацијата каде што се случила несреќата биле испратени хеликоптер и единица на планинска спасувачка служба која е задолжена за извлекување на неговото тело.

Исак Андик е роден во 1953 година во Истанбул во сефардско еврејско семејство, а во 1969 година се преселил во Барселона. Заедно со неговиот брат Нахман, тој го основал Манго во 1984 година, кој прерасна во глобален моден бренд со повеќе од 2.700 продавници во повеќе од 110 земји.

Претседателот на каталонската влада, Салвадор Ила, го истакна неговиот придонес во каталонската економија и модната индустрија, изразувајќи сочувство до семејството и тимот на Манго. Извршниот директор на компанијата, Тони Руиз, рече дека Андик е инспиративен лидер чија визија и посветеност ќе останат запаметени.

Богатството на Андик беше проценето на 4,5 милијарди евра, што го прави еден од најбогатите жители на Шпанија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Студентите во Белград го блокираа сообраќајот, маж удри со комбе во еден од нив
Следна Статија За албанскиот амбасадор во Скопје, албанскиот јазик не е работа на судови и правни формулации

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Ова е напаѓачот кој со возило покоси маса луѓе во Ванкувер

Возачот кој со својот автомобил влета во толпа луѓе на фестивал во Ванкувер сега е под полициска заштита, за да…

April 27, 2025
СВЕТ

Трамп најави трговски договор со Велика Британија за намалување на царините

Доналд Трамп кажа дека денеска ќе склучи голем трговски договор со „земја што многу ја почитува“, за која американските и…

May 8, 2025
СВЕТ

Белата куќа: Трамп целосно ја поддржува офанзивата на Израел во Газа

Американскиот претседател Доналд Трамп „целосно ги поддржува Израел и израелската војска и акциите преземени во последните денови во Појасот Газа“,…

March 20, 2025
СВЕТ

Сиромаштијата во Германија достигна највисоко ниво од 2020 година

Во Германија живеат најмногу луѓе во сиромаштија од 2020 година, покажуваат податоците на Паритетното здружение за социјална грижа, објави „Deutsche…

June 2, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?