Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Бугарија доби официјален протест, амбасадорот Радуков повикан во МНР
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Бугарија доби официјален протест, амбасадорот Радуков повикан во МНР
МАКЕДОНИЈА

Бугарија доби официјален протест, амбасадорот Радуков повикан во МНР

Објавено July 10, 2025 18:02
Сподели
Сподели

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија најостро ги осудува навредливите изјави упатени кон претседателот на Владата и институциите на Република Македонија од страна на министерот за надворешни работи на Република Бугарија, Георг Георгиев, дадени во текот на денешното гостување во утринската програма на телевизијата БТВ.

Како што соопшти МНРиНТ, во врска со ова, Министерството денеска го повика на разговор амбасадорот на Република Бугарија во Скопје, Жељаско Радуков, на кого му бил пренесен официјалниот протест и му беше укажано на несоодветноста на ваквиот јавен дискурс од страна на висок функционер на бугарската влада.

-Таквите изјави, во кои се користи недоличен речник и се омаловажуваат претставници на суверена држава, претставуваат директна повреда на основните принципи на меѓународното право и дипломатската комуникација. Тие не придонесуваат за унапредување на добрососедските односи и се во спротивност со духот на конструктивен дијалог и заемно почитување што треба да ја води соработката меѓу двете земји, стои во соопштението на Министерството.

МНР очекува од официјална Софија да упати соодветно извинување, во насока на зачувување на достоинствената и принципиелна билатерална комуникација.

Министерот за надворешни работи на Бугарија, Георг Георгиев во интервју за БТВ се пофали дека неговата држава станала фактор во ЕУ и во регионот, со став дека Македонија тоа треба да го има предвид. Зборувајќи за премиерот Мицкоски, го нарече „северномакедонски“ премиер.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Борисов ликува: Кога Бугарија е обединета можеме да постигнеме резултати
Следна Статија Тошковски: Воведување на професионален тест за интегритет со новиот закон за внатрешни работи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Медиумската писменост не е само вештина туку неопходност

Медиумската писменост не е само вештина, туку е неопходност за секој општествен чинител. Неформалното образование, јавни настани, работилници и семинари…

October 29, 2024
МАКЕДОНИЈА

Герасимовски: Ново депо на пајак-службата на 2250 м² со нови куќарки, видео надзор и контролни рампи

Новото депо на пајак-службата на ЈП „Паркинзи на Општина Центар” – Скопје ќе започне со работа од 17 март на…

March 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Финални технички подготовки на системите пред почеток на тест периодот за „One Stop Shop“ на граничниот премин Блаце

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со вицепремиерот Изет Меџити и министерот за внатрешни работи на Косово Џелал Свечла…

February 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски пред пратениците откри за што се разговорало во Давос

Во текот на денешната седница на Собранието посветена на пратенички прашања, премиерот Христијан Мицкоски одговараше на пратеничко прашање упатено до…

January 29, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?